Контакт

Региони

Жителите на делчевско Разловци предупредуваат доколку не се исполнат нивните барања

Објавено пред

Жителите на делчевското село Разловци не се откажуваат од намерата за радикализирање на проетстите доколку од понеделник не започне реализацијата на едно од нивните барања доставени до Општина Делчево, а тоа е поправка на стариот земјен пат Делчево – Разловци што ќе даде некаква можност, селото да не биде отсечено од светот.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави претседателот на Месната заедница за сеело Разловци, Ванчо Спасевски, кој напомена дека во недела на состанок жителите ќе ги дефинираат своите идни чекори и напомена дека незадоволството кај жителите е големо и дека нема да заврши само со еден мирен протест кој се одржа пред два дена пред Општината.

„Нашиот протест и нашето незадоволство не смеат да се ставаат и да добиваат политичка конотација. Едноставно, на луѓево им ‘пукна филмот’. Со месеци се живее како да сме на Господ зад грбот. Единственото инфраструктурно решение кое нѐ служеше од 1970-ите години, па наваму, беше мостот на Брегалница кај село Тработивиште. Но, овој мост беше оштетен од поплавите уште од лани во февруари, па надлежните државни институции започнаа со негова санација дури пред еден месец, за пред неколку дена да престанат да работат на санацијата. Така што сега и мостот е затворен, имрповизираниот премин го однесе реката, па сега останува единствено стариот пат кој е во должина од 5 километри и кој мора да се поправи“, рече Спасевски.

Тој додаде дека жителите бараат и асфалтирање на овој пат, а секако и побрза санација на мостот.

„Ние добивме ветување од претставници на општината дека ќе се поправи стариот пат. Но, мора да нагласам дека ние размислуваме да ги радикализираме протестите, како прво, или нема да ги пуштаме учениците на училиште, па и наставниците кои доаѓаат да држат настава во основното училиште во селото, или ќе блокираме пат, а има размислувања да се сопрат сите партиски активности во селото, па и да не дозволиме да има избори“, додаде Спасевски.

Најголемото село во Пијанечко, Разловци, каде има околу 800 жители, со месеци е отсечено од светот, истакнува Николчо Ситновски.

„Кај нас не доаѓаат ниту потребните намирници, замислете во 21-от век, да чекаш на основните продукти. Не доаѓаат такси возила, на брзата помош ѝ требаат часови за да стигнат до кај нас. Работниците кои работат во Делчево, како и учениците, прво се носат со едно возило до мостот кај Тработивиште, па пешки го поминуваат мостот, па од другата страна на реката со друго возило одат за Делчево. И тоа е вака секој ден“, објаснува Ситновски.

Револтот на жителите е голем кон локалната власт. Митко Жежовски потенцираше дека во селото се живее тешко, а сите досега што ветувале ништо не оствариле.

„Десет-петнаесет години во ова село ништо не е инвестирано. Ниту една улица не е направена. Мостот што е во селото, кој е дрвен и е единствен за да можат жителите да стигнат до нивите, остана ненаправен, сите власти ветуваа, но тој не е направен“, рече Жежовски.

Блаже Бојчевски, пак,зборувајќи за проблемите во селото , истакна дека не е задоволен што остана нереконструиран Спомен-домот на Разловечкото вистание.

„Најголем срам ни е сепак, Спомен-домот на Разловечкото востание, каде се чува споменот на херојскиот подвиг на нашите прадедовци. Тој стои како симбол на срамот и негрижата за историските споменици. Те, ќе го реновираат, па пред сите избори држат патриотски говори, па лани му ставија црна хартија, за да не прокиснува и еве веќе една година ги чекаме ќерамидите“, рече Бојчевски.

Жителите на востаничкото Разловци велат дека нема да попуштат во борбата за подобри услови за живот во селото. Нивните следни потези ќе зависат од она што ќе го преземе општината за селото.

Претседателот на Советот на Општина Делчево, Драган Христов, во отсуство на градоначалникот Дарко Шехтански кој е на службен пат за Швајцарија, за медиумите изјави дека засега единствено решение е поправка и одржување на стариот пат, но не кажа, кога тоа ќе се случи, исто така, тој не вети асфалтирање на стариот пат./крај/мф/дт



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет12 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет14 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ14 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ14 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија15 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија17 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија18 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија19 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ20 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија20 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет20 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија21 час

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија22 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет23 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет23 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет23 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет24 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија1 ден

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...