Македонија
Ивановски предложен за претседател на GAID
Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски предложен е за претседател на Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички и комуникациски технологии и развој (GAID).
Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски предложен е за претседател на Глобалната алијанса на Обединетите нации за информатички и комуникациски технологии и развој (GAID).Станува збор за влијателна програма која има за цел подобро искористување на комуникациите и информатичката технологија во борбата против сиромаштијата, неписменоста, гладта, заштитата на природната околина и заштитата на децата, а дека образованието е основа за постигнување подобар живот за сите. Оваа иницијатива е воспоставена во 2006 година како резултат на искрено партнерство на Обединетите нации, владите низ светот, компаниите и академските институции и нивната силна желба за помош на најзагрозените категории на луѓе. Членови на Управниот одбор на GAID се претставници на највлијателните компании во светот и високи владини претставници, а за претседател се именува лице за кое се смета дека има личен капацитет и потенцијал да придонесе во развојот на оваа иницијатива. Именувањето на Ивановски за претседател на GAID за Македонија, како земја која особено внимание посветува на развојот на информатичкото општество и поставување на темелите на транспарентна, ефикасна и стручна администрација, претставува големо признание.Самиот факт што Македонија во октомври 2011 година ќе биде и домаќин на следниот Глобален форум на GAID на кој присуствуваат дел од највлијателните луѓе во светот, претставува одлична можност за промоција на Македонија во пошироки рамки. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

