Свет
Видео порака на Ал Каеда по повод 11 септември

Терористичката мрежа Ал Каеда на интернет постави видео снимка по повод 10-годишнината од нападот врз САД со фотографии од поранешниот водач Осама бин Ладен и со порака на неговиот наследник, Египќанецот Ајман
Терористичката мрежа Ал Каеда на интернет постави видео снимка по повод 10-годишнината од нападот врз САД со фотографии од поранешниот водач Осама бин Ладен и со порака на неговиот наследник, Египќанецот Ајман ал-Завахири, соопшти американскиот центар за надгледување на исламистичките сајтови SITE.
Овој видео материјал, наречен „Во пресрет на извесната победа“, во 62 минути содржи аудио снимка на говорот на Завахири кој го наследи бин Ладен, убиен во мај во Пакистан.
„Ал Каеда ја поддржува арапската ревоулуција и се надева дека таа ќе доведе до автентичен ислам и влади засновани на шеријатот, и исламскот закон“, вели на снимката Завахири.
Тој смета дека тие народни револуции се еден вид пораз за САД. Дел од видео снимката содржи порака на бин Ладен која ја пронајдоа американските специјалци при нападот на куќата во која се криеше, северно од пакистанската престолнина Исламабад. Вашингтон веќе ја прикажа таа снимка, но без тон.
Во неделата се навршија десет години од терористичките напади врз Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон, во кој загинаа 2.752 лица.
Обвинувајќи го за нападите, Осама бин Ладен, водачот на исламските екстремисти кој се криеше во Авганистан, за организирање на нападите, САД на 7 октомври го започнаа бомбардирањето на Авганистан./крај/б/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Европа
Шефовите на дипломатијата на членките на НАТО се состануваат во Турција: се бараат поголеми инвестиции во одбраната

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО денеска се среќаваат во Анталија, Турција, на последната рунда разговори на високо ниво пред самитот на западната воена алијанса во Холандија во јуни.
Домаќин на дводневниот состанок, на кој првенствено ќе се разговара за распределбата на средствата за одбрана и иднината на европската безбедност, е турскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан.
На самитот на лидерите на НАТО во Хаг во јуни се очекува договор за нова цел за трошоците за одбрана, а агенцијата ДПА потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од сојузниците на НАТО драстично да ги зголемат воените трошоци.
Во моментов, членките на НАТО се подготвени да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана, но некои сè уште издвојуваат помалку од тие два проценти. Европските членки на НАТО се соочуваат и со пресвртот на поддршката за Украина од страна на новата американска администрација и последиците од оваа политика за европската безбедносна архитектура.
Во Анталија ќе пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио. Се очекува министрите на НАТО да започнат консултации за време на вечерата и да продолжат со разговорите утре наутро.
Европа
Зеленски: Доаѓам во Турција, ќе се сретнам со Ердоган, Путине, те чекаме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува евентуална директна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул да резултира со примирје. Зеленски рече дека ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, но дека двајцата се подготвени веднаш да отпатуваат за Истанбул доколку Путин одлучи да се појави на разговорите.
„Ќе го чекаме Путин во Турција. За да не манипулира Русија со градовите и да тврди дека Путин не е подготвен да лета за Анкара, туку е во Истанбул“, им рече Зеленски на новинарите во Киев на прес-конференција. „Му испратив порака на претседателот Ердоган, а турската страна е подготвена.“
Разговорите би можеле да вклучуваат и размена на затвореници на принципот „сите за сите“, што би ѝ овозможило на Украина да излезе од преговорите со некаков вид „политичка победа“, рече Зеленски во интервју за францускиот весник „Либерасион“.
Доколку средбата се случи, тоа би била првата средба лице в лице меѓу двајцата лидери од 2019 година и би можела да означи пресвртница во застојот на дипломатските напори за ставање крај на големата инвазија на Русија. Кремљ сè уште не го потврди присуството на Путин, додека Киев продолжува да инсистира на безусловно примирје.
„Безусловно примирје, во овој момент и со оглед на сите денови и месеци досега, никој од руска страна не може да го гарантира освен Путин“, рече Зеленски.
Тој додаде дека на состанокот бил поканет и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. „Доколку го потврди своето доаѓање, тоа би бил дополнителен поттик за Путин да дојде“, рече Зеленски.
Трамп, кој моментално е на четиридневна турнеја на Блискиот Исток, ја изрази својата поддршка за разговорите, нарекувајќи ги „многу важни“ и додавајќи дека „силно се залага“ за нивно одржување. „Мислам дека од тоа може да произлезе нешто добро“, рече Трамп на 12 мај.