Контакт

Свет

Силите лојални на Гадафи согласни да го предадат Бани-Валид

Објавено пред

Последните информации кои доаѓаат од Либија укажуваат на тоа дека племенските старешини во градот Бани-Валид ги убедиле силите лојални на поранешниот режим сили да се стави крај на борбите и дека има знаци на повлекување од страна на лојалистите на соборениот водач Моамер ел- Гадафи.

dobivaj vesti na viber

Последните информации кои доаѓаат од Либија укажуваат на тоа дека племенските старешини во градот Бани-Валид ги убедиле силите лојални на поранешниот режим сили да се стави крај на борбите и дека има знаци на повлекување од страна на лојалистите на соборениот водач Моамер ел- Гадафи.

Сепак, други информации сугерираат дека припадниците на силите на соборениот режим ќе дадат отпор, како што е изјавата на портпаролот на владата на Гадафи, Муса Ибрахим кој тврди дека Гадафи кој е во бегство и неговите приврзаници  ќе ги продолжат борбите.Гадафи е „во одлична здравствена состојба, ангажиран е во планирањето и организирањето на одбраната на Либија“, ја цитира Аssociated Press, изјавата на портпаролот Ибрахим пренесена денеска од сириската телевизија Al Rai. Според него, Гадафи сé уште се наоѓа во Либија.„Ние се бориме и пружаме отпор за доброто на Либија и на сите Арапи. Ние сé уште сме силни и способни да возвратиме на НАТО“, истакна Ибрахим. Овие изјави доаѓаат во моментот кога илјадници либиски востаници го држат под опсада градот Бани-Валид, чекајќи наредби од нивните команданти да започнат нови напади на последното упориште на силите верни на полковникот Гадафи.И Reuters повикувајќи се на информации од пан-арапската сателитска телевизија Аl Jazeera, пренесува дека е постигнат договор со локалните племенски старешини за мирно влегување на востаничките сили во Бани-Валид. Според оваа информација, предавањето на градот ќе се случи денеска околу пладне.Бани-Валид, на 150 километри јужно од престолнината Триполи, се наоѓа во рацете на силите лојални на Гадафи, како и неговиот роден град Сирт и Хана. Силите на соборениот режим досега ги одбиваа понудите на Преодниот национален совет за мирно предавање на градот, што предизвика стравување дека ќе дојде до жесток судир со добро утврдените и вооружени војници на Гадафи. За таа цел востаниците подготвија полска болница во која десетина лекари се подготвуваат да ги прифатат евентуалните ранети во битката за градот. Востаничките сили го држат градот под опсада, но претставниците на Советот се држат до ставот дека градот треба да биде заземен без борби и цивилни жртви. Според Al Jazeera, досега преговорите со племенските старешини на племето Варфала коешто е најголемо во Либија, пропаѓале, но откако дел од војниците лојални на Гадафи, заминале од Бани-Валид, постојат шанси за негово мирно предавање. Претходно во вторникот, претставникот на Преодниот национален совет (NTC), Абдалах Каншил, кој ги водеше преговорите со лојалистите, предвидe мирно предавање на градот, иако вели дека тој е засолниште на многу приврзаниците на режимот на Гадафи.„Предавање на градот е неминовно. Се работи за избегнување цивилни жртви. Некои снајперисти го предадоа своето оружје … Нашите сили се подготвени“, изјави Каншил. Доколку падне Бани-Валид, во рацете на силите лојални на режимот на Гадафи, ќе останат само неговиот роден град Сирт, Хана и градот Сабху кој се наоѓа длабоко во пустината. Во вторникот светските агенции јавија и дека во градот Агадез, во северен Нигер во придружба на нигериската армија, во понеделникот доцна навечер пристигнал конвој од 200 до 250 оклопни и други воени возила на либиската армија. Во конвојот бил поранешниот шеф за безбедност на режимот на Гадафи, Мансур Дао, и уште неколкумина високи претставници на соборената власт, а се претпоставува дека во Нигер пристигнал преку Алжир. Француски воени извори рекле дека на конвојот можеби му се приклучиле Моамер Гадафи и неговиот син Саиф ал-Ислам на патот кон Буркина Фасо. Станува збор за изолирана западноафираканска држава која граничи со Нигер, којашто на Гадафи и неговото семејство им понуди азил.Нигериските воени извори рекле дека многу либиски борци вклучувајќи меѓу нив и оние од племето на коешто му припаѓа полковникот Моамер ел-Гадафи, Туарег, исто така во понеделникот ја минале границата со Нигер./крај/ро/ап/афп/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“

Објавено пред

Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.

dobivaj vesti na viber

Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.

Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци

Објавено пред

Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

Прикажи повеќе...

Свет

Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.

dobivaj vesti na viber

Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.

За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.

Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.

Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.

Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.

Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.

Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.

„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.

Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ6 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија9 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ9 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија9 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија9 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа11 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет13 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет13 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет13 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија23 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет24 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...