Спорт
Данска во последните минути ја победи Норвешка
Репрезентацијата на Данска во последните минути во Штадхале салата во Виена, успеа да ја победи репрезентацијата на Норвешка со резултат 24:23
Репрезентацијата на Данска во последните минути во Штадхале салата во Виена, успеа да ја победи репрезентацијата на Норвешка со резултат 24:23.
Во натпреварот од првата група на Европското првенство во ракомет за Мажи во Австрија, Норвешката репрезентација водеше со резултат 19:15 на 15 минути пред крајот но Данска победи пред самиот крај.
Хавард Тведтен промаши пенал кога резултатот беше 23:23 но Данска го реализираше во самиот финиш за конечни 23:24. Со овој пораз Норвешка си ги намали шансите за пласман во полу- финалето на минимум, и сега треба да чека Исланд да победи со 4 гола, а Хрватска да изгуби од Данска со исто толку голови.
Во првата група Исланд ја победи Русија со 38:30, а Хрватска го победи домаќинот, репрезентацијата на Австрија со 26:26.
Останати резултати од втората група на Европската првенство која се игра во Инсбург:
Словенија- Чешка 35:37Словенија- Франција 28:37Германија- Шпанија 20:25Денешниот ден е слободен ден за одмор на ракометарите./крај/еур/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Елмас со Наполи го освои Суперкупот – Давид Нерез со два гола ја реши Болоња
Фудбалерите на Наполи со трофеј ја завршиша 2025 година. Актуелните италијански шампиони, во ројад, го освоија Суперкупот, со победата над Болоња (2:0). Мечот, с два гола, го реши Бразилецот Давид Нерез. Наполи трет пат во историјата го крена трофејот во Суперкупот, претходно тоа му успеа во 1990 и 2014 година.
Тимот на Антонио Конте, во чии редови од стартот на теренот беше Елиф Елмас, речиси рутински ја совлада Болоња. На противникот во текот на целиот меч му дозволи само една шанса.
Наполи доминираше од стартот, а Елмас ја промаши првата голема шанса за Наполи. Македонскиот репрезентаивец, во 10-та минута од речиси идеална позиција шутираше крај голот на Раваља.
Втората голема шанса ја пропушти Спинацола во 37-та минута. Имаше ситуација „еден на еден“, но Раваља со брилијанта интервенција спречи водство на Наполи.
Две минути подцна голманот на Болоња капитулираше. Давид Нерез, од 23 метри постигна спектакуларен гол.
Во вториот дел Болоња ја имаше единствената шанса во 55-та минута, а казната стигна две минути подоцна, кога Нерез ја казни грешката на Раваља.
Еламс на теренот остана до 68-та минута, кога на неговото место влезе Ноа Ланг.
Foto/ depositphotos
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos

