Свет
Ирак од Србија бара враќање на воените авиони

Ирачкото министерство за одбрана од Србија соопштило дека бара да му врати 19 авиони кои во 1989 г. ги пратил на ремонт, но до денес не се вратени
Откако претходно беше објавено дека Србија на Ирак ќе му продава оружје, за проблемот со воените авиони од пред дваесет години во саботата било разговарано при посетата на воена ирачка делегација на Белград. Делегацијата ја предводеле советникот на ирачкиот министер за одбрана, Отман Ал Фреди и началникот на военото воздухопловство Анвар Мохамад Амин, пренесува BBC na srpski. Ирак од Србија бара да му бидат вратени 19 борбени авиони од типот „Миг 21“ и „Миг 23“м за чијшто ремонт во 1989 г. било однапред платено. Од српска страна се додава дека при неодамнешната посета на Багдад, министерот за одбрана, Драган Шутановац ги информирал ирачките власти дека тие воздухоплови постојат во Србија. Авионите биле испратени во поранешна Југославија за сервисирање, а нивниот ремонт требало да се прави во Загреб, но дека останале во Србија затоа што во тој период започнуваат превирањата и повлекувањето на поранешната ЈНА од тогашните републики. Според портпаролот на ирачкото министерство за одбрана, иако тие се стари и како технологија веќе отпишани, авионите за нив се многу важни бидејќи тамошната армија засега поседува само борбени хеликоптери. Интересно е што фариката за авиони во Панчево договорила производство на 20 школски клипни авиони за основна обика од типот „Ласта 95“ за потребите на ирачкото воено воздухопловство. Ирачките власти ги бараат средствата на нивата армија кои ги купила претходната влада, а се споменува дека меѓу државите од кои се бара враќање на оружјето се и САД, Русија, Франција, Италија и некои арапски држави. На почетокот од август Шутановац соирачкитоминистер за одбрана Абдул Кадер Џасим потпишаа договор за соработка во областа на одбраната со кој се регулира продажба на српско оружје и воена опрема на Ирак, како и обука на ирачките војници во Србија. Кон крајот на 2007 г. српската наменска идустрија договори извоз во висина од 235 милиони долари. Покрај пешадиското оружје, на Ирак му беа продадени и 17 илајди пиштоли, минофрлачи и големо количество различна муниција, како и униформи, шлемови и заштитна балистичка опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Канадскиот премиер: Путин се плаши

Канадскиот премиер Марк Карни, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, рече дека Владимир Путин се плаши да се сретне со Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната.
Карни истакнува дека Зеленски е подготвен за средба со Путин на која било неутрална територија. Тој, исто така, вели дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таква средба.
„Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива“, рече Карни.
Тој додаде дека е клучно сојузниците да продолжат да ѝ даваат поддршка на Украина додека не се одржи тој состанок.
Фото: ЕПА
Свет
Пукање во католичко училиште во САД: две деца убиени, напаѓачот се самоубил

Најмалку две лица се убиени, а 20 се повредени во пукање во католичкото училиште „Благовештение“ во Минеаполис, Минесота, САД, потврди полицијата.
Како што е потврдено, две деца, на возраст од 8 и 10 години, се убиени.
More than 20 people were injured and at least two were killed in a tragic shooting incident at Annunciation Catholic Church and its school, located in the southeast neighborhood of Minneapolis, Minnesota, USA, during a morning school Mass.
Among the injured, at least 14 people… pic.twitter.com/9f9WTH2Dof— khaled mahmoued (@khaledmahmoued1) August 27, 2025
Напаѓачот е исто така мртов. Полицијата верува дека напаѓачот, кој си го одзел животот на паркингот пред училиштето, дејствувал сам. Полицијата соопшти дека имал околу 20 години, но сè уште не е познато дали бил поранешен ученик во училиштето.
Вооружен со три оружја, вооружениот човек отворил оган низ прозорците кон децата и другите верници за време на мисата по повод првата недела од школувањето по празниците.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, потврди дека пукањето се случило во католичко училиште и го опиша инцидентот како „страшен чин на насилство“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е целосно информиран за инцидентот и дека ФБИ брзо реагира и е на местото на настанот. „Молете се за сите погодени“, напиша Трамп на Truth Social.
Свет
Застрелан младоженец на пукање на свадба во Турција

Младоженец почина од повредите здобиени во пукотница на неговата свадба во северна Турција.
Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина, жена, на неговата сопруга, објави државната агенција Анадолу.
Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени две нерегистрирани оружја, соопшти агенцијата.
Обвинителите отворија истрага за инцидентот, кој се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.
Пукањата на свадби се вообичаени во северна Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа повредени на свадба во североисточната покраина Трабзон.
Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.