Македонија
Долга расправа во собраниската комисија за надворешна политика
Долга и жестока расправа со дијаметрално спротивни мислења се водеше попладнево во собраниската комисија за надворешна политика
Долга и жестока расправа со дијаметрално спротивни мислења се водеше попладнево во собраниската комисија за надворешна политика по прашањето за демаркацијата со Косово
Македонија, со демаркација на границата со Косово, ќе добие 160 метри плус во делот кај Ликово поле на Шар Планина со што ќе го добие целото езеро што се наоѓа на оваа област, а кое има хидроенергетски потенцијал.
Ова го објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на собраниската комисија за надворешна политика по обвинувањата на опозицијата дека со Договорот за демаркација на границата се отстапува стратешки дел од државната територија на Косово.
Со демаркацијата на границата, Косово ќе добие околу 155 метри во месноста Плехниште кај Дебалде, Кодра фура.
Расправата на собраниската комисија за надворешна политика по повеќе од два часа се уште не може да заврши со оглед на расправата на опозициските пратеници.
Пратениците Игор Ивановски, Владо Бучковски и Радмила Шекеринска од СДСМ на комисијата обвинија дека Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово претставува всушност измена на граничната линија повеќе од 150 метри, како што предвидуваат меѓународните стандарди и дека всушност Владата „на шпиунски начин ја менува границата и ги нарушува меѓуетничките односи во државата“.
Опозицискиот СДСМ тврди дека во Анексите приложени со Договорот стои дека не се ратификува само Договорот за демаркација на границата кој во 2001 година, од името на РМ го потпиша претседателот Борис Трајковски, а од тогашната српска страна Воислав Коштуница, туку се менува границата.
Од СДСМ реагираат на тоа дека Договорот не е потпишан од премиерот Никола Груевски, како што тоа досега било вообичаено, како и тоа дека тој го потценува Собранието и Уставот со тоа што не е присутен да го образложи Договорот кој синоќа бил постигнат со косовската страна.
„Владата го прави она што никој досега не го направил на Балканот. Евтина е приказната за хидроцентралата на Шар Планина, вие не ни знаете каде се наоѓа тој потег, таму не може да се постави ни далновод, а не пак да се изгради хидроцентрала. Дебалде и Кодра фура се познати по инциденти и тоа со криминални активности, и треба да ни кажете како во иднина ќе се одрази тоа на безбедносната состојба во државата“, рече во својот говор пратеникот Ивановски.
Бучковски пак, вели дека целиот Договор ќе падне пред Уставниот суд бидејќи Анексот со кој се предвидени измените во граничната линија, треба да оди во процедура како за измена на границата. Според членот 74 Уставот, тоа би значело Собранието да донесе Одлука за промена на границата со 2/3 мнозинство, а потоа истата да добие поддршка од граѓаните на референдум. Според пресметките на опозицијата, Македонија со Договорот прави отстапки за повеќе од 650 метри на македонска територија, па поради тоа бараат составен дел од Договорот да бидат и топографските мапи и аеро-снимки од тој дел.
„Интерес на РМ е да биде затворена границата за отворените прашања кон Косово. Тоа е во интерес на територијалниот интегритет на Македонија и во интерес на европските перспективи на држава, на регионалната стабилност и безбедност, и уште повеќе на внатрешната стабилноста на Македонија. смета Силвана Бонева.
Тоа ќе ги обесхрабри радикалните структури на Балканот кои што мислат дека можат да има промени на границите, додаде Бонева ./крај/кн/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

