Свет
„Фабрика“ отиде во ликвидација
„Наша фабрика“, агенцијата каде што активни новинари и други јавни личности тајно работеа за Владата и ги составуваа говорите и прес-конференциите на министрите и на премиерот Владо Бучковски, пред неколку дена била ликвидирана.
„Наша фабрика“, агенцијата каде што активни новинари и други јавни личности тајно работеа за Владата и ги составуваа говорите и прес-конференциите на министрите и на премиерот Владо Бучковски, пред неколку дена била ликвидирана.
Во „Службен весник“ од 29 мај пишува дека ликвидаторот Мирослав Саздовски објавува дека друштвото за маркетинг и услуги „Наша фабрика“ е во ликвидација и ги повикува доверителите да ги пријават своите побарувања во рок од 60 дена.
Според нашите сознанија, проектот „Фабрика“ се уште постои, само што е дислоциран на друго место и под друго име. Таму се уште работат новинари од македонските медиуми, но не дознавме кој ги води и кој ги плаќа.
„Време“ ја откри аферата „Фабрика“ во февруари годинава. Десетина новинари од македонските медиуми, кои тајно, без знаење од нивните куќи, по завршувањето на работното време работеа за таа агенција за плата од најмалку 300 евра месечно. Нивната задача била да им ги составуваат говорите на неколку министри и на премиерот, да ги подготвуваат нивните прес-конференции, да ги читаат текстовите во печатените и во електронските медиуми, да прават анализи и да ги подготвуваат одговорите на можните новинарски прашања, а и самите да поставуваат нарачани прашања.
Меѓу вработените во „Фабрика“ беше и поранешниот претседател на невладината организација „Транспарентност Македонија“, Зоран Јачев. Тој откако изби скандалот се повлече од невладиниот сектор, но демантира дека бил ангажиран во агенцијата. И Петар Арсовски, еден од двајцата основачи на фирмата и директор на агенцијата „Имиџ ПР“, негираше дека „Фабрика“ е негова, и покрај тоа што во судскиот регистар беше заведен како нејзин основач и управител.
Материјалите што новинарите ги испраќале до Владата и до СДСМ, а ги објавуваше „Време“, содржеа препораки за секоја афера што ќе ја обелоденат медиумите. Хонорарците во текот на вечерта смислувале начини како да ги оправдаат Владата и СДСМ пред јавноста и со тоа да соберат поени пред почетокот на парламентарните избори. Некои од испратените материјали што ги објавивме беа со назнака „за СДСМ, Кондарко“. И покрај сигурните докази, портпаролот на партијата упорно изјавуваше дека првпат слуша за агенцијата „Фабрика“, а истото го тврдеше и портпаролот на Владата, Сашо Чолаковски.
Подоцна објавивме докази дека Владата и платила на „Фабрика“ 100.000 евра за да ја организира прославата за кандидатскиот статус на Македонија во ЕУ на Градскиот плоштад во Скопје. Државната комисија за спречување на корупцијата тогаш побара од Владата да и го достави договорот со агенцијата, но тоа досега не се случи.
Останува отворено прашањето со кои пари беше финансирана агенцијата и зошто Здружението на новинарите, судот на честа на ова здружение и другите медиумски куќи го одмолчеа фактот дека извесен број македонски новинари тајно работат за власта. Дали станува збор за премолчан договор меѓу медиуми и власта во кој новинарите се само инструмент?
Во анализата на Балканската истражувачка мрежа, објавена во март годинава, пишуваше дека аферата „Фабрика“ ја откри вистинската криза во новинарскиот еснаф што предизвикала кршење на копјата во медиумите и повик да се расчисти ситуацијата во фелата, чиј углед е загрозен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

