Свет
Киев: Дозволена употреба на огнено оружје за самоодбрана на полицијата
Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека одобрило полицијата да употреби огнено оружје за самоодбрана и им порача на граѓаните на Киев да не излегуваат од своите домови.
„Од прозорците на Киевскиот конзерваториум непознати лица отворија оган врз полицијата. Со цел да ги заштитат животите на припадниците на полицијата беше донесена одлука тие да се повлечат на безбедни локации и согласно законот одобрена им е употреба на огнено оружје за самоодбрана“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Украина.
Припадниците на специјалните единици вооружени се со офанзивно огнено оружје.
„Ситуацијата е комплицирана. Врз специјалните сили се пука од снајпери и автоматско оружје“, истакнал за медиумите Сергеј Бурлаков.
Украинското министерство за внатрешни работи ги советувало становниците на Киев да не излегуваат надор од своите домови, по што почнаа најновите крвави пресметки меѓу демонстрантите и полицијата во срцето на градот, во кој беа убиени најмалку 26 лица.
„Најдобро е доколку моментално се ограничи движењето на моторните возила или едноставно едноставно останете во затворен простор. Овие мерки за безбедност се неопходни, бидејќи улиците на Киев се заземени од страна на вооружени и агресивни луѓе“, се вели во соопштението од министерството, пренесува агенцијата AFP.
Украинската полиција тврди дека изминатите денови користела исклучиво гумени куршуми. Поради тоа полицијата наведува дека за смртта на жртвите кои настрадаа за време на протестите одговорни се демонстрантите, бидејќи на телата на поголемиот број на загинати лица регистрирани се рани од огнено оружје.
Министерството за внатрешни работи соопшти и дека само за време на денешните немири загинале тројца полициски службеници.
Полицијата наведува и дека радикалните демонстранти низ целата земја од полициските станици одзеле 1.500 парчиња огнено оружје, како и околу 100 илјади парчиња боева муниција поради што покрената е антитерористичка акција./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

