Свет
Тендерот за трет мобилен оператор неизвесен

Агенцијата за електронски комуникации досега регистрирала само една компанија што е заинтересирана за мобилен оператор, што според регулаторот е показател дека нема интерес за влез на нови мобилни оператори на пазарот и не е доволна причина
АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ НЕ КАНИ, ТУКУ ЧЕКА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ КОМПАНИИ САМИ ДА СЕ ЈАВАТ
Агенцијата за електронски комуникации досега регистрирала само една компанија што е заинтересирана за мобилен оператор, што според регулаторот е показател дека нема интерес за влез на нови мобилни оператори на пазарот и не е доволна причина да се рас
Новата Влада на мандатарот Никола Груевски вети тендер за трет мобилен оператор најдоцна до крајот на октомври, но, од Агенцијата за електронски комуникации објаснуваат дека тендер ќе има дури откако заинтересирани компании сами ќе и обратат со барање да распише јавен повик за мобилен оператор.
Согласно Законот за електронски комуникации Агенцијата е задолжена за спроведување на постапката за воведување на нови мобилни оператори на македонскиот пазар, додека Владата може да интервенира единствено со креирање на национална стратегија за развој на електронски комуникации, каде може да наведе одредени рокови за развој на електронските комуникации.
Според службите во Агенцијата такви рокови досега нема, но постоеле други пречки поради кои досега и се уште не се распишува тендерот.
"Досега во Агенцијата е нотифицирана само една фирма Мобиле Комуникацион, и таа нема поднесено барање до нас да распишеме тендер. Значи, нотифицирана е само една компанија, а тоа е показател дека нема интерес за влез на нови мобилни оператори и нема причина да се распишува тендер", велат во Агенцијата.
Службите допрва работеле и на анализа на останатите критериуми за распишување на тендер. И тоа, во Агенцијата треба прво да проверат дали има радиофреквенции што се слободни, како и да се утврди износот што новиот оператор ќе го плаќа за нотификацијата, споредено со износот што постојните оператори Мобимак и Космофон го плаќаат за концесијата.
Во однос на спорниот член од Законот за електронски комуникации што го кочеше воведувањето на нов мобилен оператор, во Агенцијата велат дека тој веќе не е пречка.
"Во Законот има член со кој тендерот за трет оператор требаше да го води Владата, а не Агенцијата. Но, тоа ќе беше случај доколку постапката за воведување на оператор отпочнеше во периодот додека на сила беше стариот Закон за телекомуникации. Бидејќи немаме информации дека таква постапка била отпочната, надлежноста за воведување на трет мобилен оператор е кај Агенцијата за електронски комуникации", објаснуваат службите во Агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави Волстрит журнал, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот, по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува Ројтерс.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за покренување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдачен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.
Свет
Ученик пукаше во средно училиште во Колорадо – двајца тинејџери повредени, напаѓачот почина

Ученик отвори оган во средно училиштево предградие на Денвер, Колорадо, при што бea повредени двајца тинејџери, а потоа напаѓачот го насочил оружјето кон себе. Подоцна властите потврдија дека починал.
Истрелите биле испукани и во внатрешноста и надвор од училиштето. Полицијата пристигнала на местото во рок од пет минути и го пронашла напаѓачот, соопшти портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели. Таа истакна дека ниту еден полицаец не отворил оган.
Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили од околината биле испратени да помогнат.
Повредените ученици биле пренесени во болница и првично биле во критична состојба. До вечерта, еден од нив бил стабилизиран.
Средното училиште „Евергрин“ брои повеќе од 900 ученици.
Округот Џеферсон е местото каде во 1999 година во пукањето во училиштето „Колумбајн“ беа убиени 14 лица.
Свет
Белорусија ја предупредила Полска за беспилотни летала во нејзин правец

Началникот на Генералштабот на полските вооружени сили, генерал Вислав Кукула, потврди дека Полска добила информации од Белорусија за беспилотни летала кои се движеле во нејзин правец, пренесува ТВN24.
Кукула ја потврди изјавата на Белорусија дека испратила предупредување до Полска во врска со леталата.
„Белорусите нè известија дека беспилотни летала го прелетуваат нивниот воздушен простор кон Полска“, изјави тој.
На прашањето за моментот на предупредувањето, рече дека тоа му било корисно, додавајќи дека е изненаден што Белорусија, и покрај напнатите односи на копнената граница, се одлучила за соработка од ваков вид.
Во меѓувреме, Полската армија соопшти дека соборила беспилотни летала кои го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина.
„Распоредено е оружје, а службите работат на лоцирање на соборените објекти. Се работи за сериозно нарушување на воздушниот простор“, соопшти Полската оперативна команда.
Премиерот Доналд Туск изјави дека најмалку 19 беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор. Досега се пронајдени остатоци од 15 беспилотни летала и ракети со неидентификувано потекло.