Контакт

Свет

Украинец и скопска фирма сопственици на имотот од пет милиони евра

Објавено пред

Непознат Украинец и една позната скопска фирма се крајните сопственици на денационализираното земјиште вредно пет милиони евра, дознава „Време“.

dobivaj vesti na viber

КОЈ СТОИ ЗАД МЕГАСКАНДАЛОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕМери Јордановска

Непознат Украинец и една позната скопска фирма се крајните сопственици на денационализираното земјиште вредно пет милиони евра, дознава „Време“. Според нашите извори, земјиштето наспроти Соборниот храм го добил извесен Украинец, а она во Градскиот парк и припаднало на позната скопска фирма блиска до опозициската СДСМ. Тројцата наводни сопственици, скопјаните Светлана Симоновска, Гроздана Манасиевска и Томислав Трајковски биле само една од последните алки на синџирот исплетен за вистинските сопственици на атрактивните локации во центарот на Скопје. Скопјаните го добиле државниот имот пред една година, а веднаш потоа преку хипотекарен договор за заем земјиштето им било пропишано на крајните корисници.

– На истиот начин преку невратен заем тројцата скопјани го дале земјиштето на Украинецот и на познатата скопска фирма која веќе поседува атрактивни локации во центарот на градот. Инаку смешно ќе беше целиот криминал да бил направен за некоја 25 годишна девојка да добие 170.000м2 државен имот. Сега со поништувањето на решенијата подолготраен ќе биде и процесот за враќање на земјата на државата затоа што треба да се оди повеќе чекори наназад – тврдат нашите извори.

Како што веќе обелодени државната комисија за спречување на корупцијата, второстепената владина комисија за денационализација минатата година за нива во Топанско Поле од 30.000м2 на пет скопјани без нивно знаење им доделила 177.000м2 државен имот во Центар, Карпош, Орешани и во Морани. Земјиштето преку невратен хипотекарен заем експресно им било пренесено на Симоновска, Манасиевска и на Трајковски, а потоа на крајните корисници – таинствениот Украинец и скопската фирма.

Сето ова било направено преку нотарите Никола Стојменовиќ и Гордана Ракочевиќ, екс директорката на катастарот и член на второстепената владина комисија Емилија Алексова, претседателот на Комисијата Саша Андоновски, адвокатката Ленче Димчевска и пензионерот Ордан Милановски. Сите тие се кријат од јавноста и одбиваат да дадат какво било објаснување за распродадениот државен имот.

Второстепената владина комисија по налог на поранешната влада во петокот ги поништи трите решенија и одлучи дека спорниот имот повторно треба да и се врати на државата. И покрај ваквата одлука, од антикорупциската комисија очекуваат казнена одговорност на сите инволвирани страни во мегаскандалот и негово целосно решавање.

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА ПРЕД КОЛАПСДиректорот Ристевски до гуша во долгови и афери Пеце Стефановски

Директорот на Клиничката болница во Битола, д-р Дејан Ристевски, доби уште една кривична пријава, поради оштетување и повластување доверители на клиниката, со продажба на акциите и насочување на парите кон неповластени доверители. Тој во петокот беше викнат на информативен разговор, а потоа битолската полиција пријавата ја поднесе до обвинителството. Целата работа почна пред еден месец, кога со одлука на Управниот одбор клиниката ги продаде акциите од Стопанска банка АД Битола во вредност од 23 милиони денари. За тие акции клиниката секоја година се добиваше дивиденда од околу 1,2 милиони денари. Меѓутоа, без да се испочитува листата на приоритетни доверители за исплата и извршните судски решенија, директорот Ристевски на брокерот преку кој беше извршена трансакцијата, му наложил парите со цесија да се исплатат на неповластените доверители: „Авицена“, „Тосама“, „Промедика“, „Биомедика“ и др. Образложението било дека со продажба на овие акции долгот ќе се намали за 20 проценти, а со исплата на овие фирми да се овозможи набавка на неопходните материјали. Меѓутоа, веднаш следуваа реакции од акционерите, а пред неколку дена и на синдикатот со досега непотврдени обвинувања дека можеби се земени и провизии. Барем засега, пријавата се наоѓа во фиоката на јавниот обвинител и се очекуваат неговите идни потези. Претходно, во неговата фиока повеќе месеци собираше прав пријавата против директорот Ристевски, во која битолската полиција го товари за злоупотреба на службената положба и овластување по 12 кривични основи и поради злоупотреба на повеќе од осум милиони денари. Сега, оваа пријава конечно е предадена во истражна постапка.

Синдикалното раководство, кое претходно имаше коректна соработка со директорот Ристевски, па дури му овозможуваше финансиски трансакции преку синдикалната сметка поради постојаните финансиски блокади, на минатонеделната драматична средба целосно ги отвори картите и јавно проговори за финансиските дубиози во оваа здравствена установа. Поводот беше што синдикалната членарина не стаса на синдикалната сметка. Според финансискиот план на Фондот за здравство, Клиничката болница во Битола треба да добие 420 милиони денари, а за првото полугодие и беа префрлени 292 милиони денари. Дури во јуни пред изборите, иако месечната динамика на Фондот е проектирана на 35 милиони денари, Клиничката болница во Битола добила 78 милиони денари.

Меѓутоа, колку повеќе пари пристигнуваа, финансиските проблеми растеа се повеќе. Ако синдикалните пари се потрошија, ако фондовскиот лимит е пречекорен за 80 милиони денари, ако придонесите не се платени и здравствени картони нема, а платите доцнат повеќе од еден месец, тогаш како ќе биде во наредните месеци се прашуваат синдикалните активисти? Од нив никој не може да прогнозира кога и како ќе се земе јулската плата. Под постојана блокада на жиро сметката, Клиничката болница има вкупен долг од шест милиони евра, од кои половина ќе паднат на товар на Фондот за здравство. Покрај главниот долг од три милиони евра, 2,3 милиони денари не достасуваат за исплата на месечните плати, а не се платени и сметките за вода, струја и други комунални услуги. Храна за болните се обезбедува за атер, а нервозните доверители се колнат дека на болницата ќе и стават катанец и дека ќе ја доведат во класичен стечај.

Иако дел од финансиските дубиози директорот Ристевски ги наследи од своите претходници, сепак, покрај кривично правните расветлувања на неговото директорување врз кое осум месеци интензивно работи битолската полиција, во негово време се случија повеќе афери. Така поради расипани лифтови војниците на АРМ ги разнесуваа болните по скали. Аферата со неисправни крвни деривати остана недоразјаснета. Телефоните се исклучуваа поради неплатени сметки. Минатата зима на болните од дома им се носеа јамбојлии и термоси за да се стоплат поради немање греење. Во Клиничката болница владее хаос и паника меѓу вработените како никогаш досега.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Авион се судри со јато птици во Мумбаи

Објавено пред

Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.

dobivaj vesti na viber

Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.

Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.

„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак

Објавено пред

Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.

dobivaj vesti na viber

„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.

Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.

Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.

Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.

„На ова зло не смее да му се даде земја. Тоа ќе биде терористичка држава. Ќе се обидат да го повторат масакрот од 7 октомври, а ние нема да се согласиме на тоа“, рече тој.

Израелскиот лидер нагласи дека „наградата за тероризмот нема да донесе мир“ и дека одлуката на овие земји да ја поштедат Палестина нема да го спречи Израел да го победи Хамас.

Норвешка, Шпанија и Ирска најавија претходно денеска дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.

Како што рече ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, Ирска планира да ја признае палестинската држава врз основа на нејзините граници од 1967 година, кои ги вклучуваат Газа, Западниот Брег и Ерусалим како главен град и на Израел и на Палестина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија13 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија15 часа

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија16 часа

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет18 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија19 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија19 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија21 час

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија22 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа22 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија22 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет23 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет23 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет23 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет23 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија1 ден

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија2 дена

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија2 дена

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија2 дена

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија2 дена

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...