Македонија
Министерот Коњановски во Норвешка

Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Кралството Норвешка
Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Кралството Норвешка.
Проширувањето на НАТО, учеството во меѓународни операции, безбедносната ситуација на Балканот и можностите за јакнење на билатералната одбранбена соработка, ќе бидат теми на кои министерот Коњановски ќе разговара со неговата норвешка колешка Ан Грете Стром Ериксен, началникот на норвешкиот генералштаб, генерал Свер Дизен и со Претседателот на Парламентарната Комисија за одбрана, Јан Петерсен
Македонија и Норвешка од неодамна дополнително ја зајакнаа одличната одбранбена соработка преку декларирање значаен, заеднички воено медицински придонес во рамките на операцијата ИСАФ во Авганистан, соопштено е во Скопје. /крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.