Контакт

Македонија

Бензините поскапea до три денари

Објавено пред

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се повисоки за 2,5 односно три денари, во зависност од дериватот

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се повисоки за 2,5 односно три денари, во зависност од дериватот.

Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната редовна седница, посветена на корекција на цената на нафтените деривати.

Согласно одлуката, Еуросуперот-95 и МБ-96 поскапеа за по три денари, со што од ноќеска се продаваат за 59,00 ден/лит, односно 62,00 ден/лит, додека Еуросуперот -98 поскапе за 2,5 денари на 60,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е IV) и на Екстра лесното за домаќинство (ЕЛ-1) останаа непроменети, односно 44,50 ден/лит за дизелот и 33,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-2 се зголеми за 1,455 ден/кг на 21,831 ден/кг. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

Објавено пред

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани вели дека инцидент немало. Недоразбирањето било надминато, а процесот на гласање не бил спречен во ниту еден момент.

„ Во Бутел се работело за едно недоразбирање кое е надминато. Немало ниту прекин ниту било каков друг инцидент во конкретното избирачко место“, рече портпаролот Шабани.

Дел од медиумите јавија дека гласањето во Бутел било прекинато откако гласач го фотографирал избирачкото ливче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

Објавено пред

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња, потврди Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Прекинот траел кусо време додека биле пребројани гласачките ливчиња кога било утврдено дека вкупниот број се согласува.

„Добивме информација за кус прекин на гласањето во Лојане, но причината била несогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека изборачкиот одбор не ги пребројал ливчињата. Утврдиле дека има толку ливчиња колку што избирачкиот одбор пребројал. За целата ситуација, има посебен записник. Гласањето продолжило и тече без прекини“, објасни портпаролот Шабани.

До ДИК до 15 часот официјално нема стигнато приговор за изборниот процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани – 49,22 отсто

Објавено пред

До 15 часот на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се од 3.435 избирачки места од вкупно 3.490.
Најголем одѕив до 13 часот ДИК регистрира во Вевчани, каде што до 15 часот на гласање излегле 49,22 отсто од запишаните гласачи.

Во ИЕ 1 одѕивот до 15 часот е 34,51 отсто, во ИЕ 2 е 29,96 отсто, во ИЕ 3 е 37,24 отсто, во ИЕ 4 одѕивот до 15 часот е 35,56 отсто, во ИЕ 5 гласале 31,51 отсто од гласачите и најмал е одѕивот во ИЕ 6, каде што на гласање излегле 22,85 отсто.

Портпаролот Шабани ги издвои општините со повисок одѕив.

„Во ИЕ 1 поголем одѕив е забележан во Карпош – 38,4 отсто и во Центар – 38,82 отсто. Во ИЕ 2 општини што се издвојуваат се Ѓорче Петров со 36,74 отсто и Бутел со 34,54 отсто. Во ИЕ 3, каде што вкупниот одѕив е 37,3, се издвојуваат Берово со 41,09 отсто, Градско со 37,62 отсто, Лозово со 42,46 отсто и Пробиштип со 44,32 отсто. Во ИЕ 4 се издвојуваат Гевгелија со 44,01 отсто, Неготино со 41,5 отсто и Демир Капија со 42,52 отсто. Во ИЕ 5 со вкупен одѕив од 31,76 отсто се идвојуваат Вевчани со 49,22 отсто, Крушево со 47,02 и Дебарца со 36, 07 отсто. Во ИЕ 6 ја издвојувам општината Гостивар со 23,65 отсто, Тетово со 26,17 отсто и Јегуновце со 25,21 отсто“, рече портпаролот Шабани.

Официјални приговори не се пристигнати до ДИК, а се случиле ситни технички проблеми за кои портпаролот Шабани вели дека веднаш биле решени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани вели...

Македонија34 минути

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија36 минути

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани – 49,22 отсто

До 15 часот на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна...

Македонија1 час

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија2 часа

За 10,56 отсто намален одѕивот до 13 часот во споредба со изборите во 2016 година

Одѕивот до 13 часот на предвремените парламентарни избори е за 10,56 отсто помал во споредба со парламентарните избори во 2016...

Македонија3 часа

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, најголем во Крива Паланка – 41,07 отсто

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, гласале 432.026 гласачи, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се...

Македонија3 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија3 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион3 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет4 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија6 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија7 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион8 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија9 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија10 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија10 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија17 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет19 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија1 ден

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија1 ден

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Досие