Македонија
ФЗО ги повика невработените на нова пререгистрација
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги повика сите граѓани со ниски приходи или без никакви приходи (невработени лица) кои се пререгистрираа минатата година, да пристапат кон пререгистрација.
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги повика сите граѓани со ниски приходи или без никакви приходи (невработени лица) кои се пререгистрираа минатата година, да пристапат кон пререгистрација.Од ФЗО нагласуваат дека наведените лица за да продолжат да добиваат ’сини картони’ во континуитет, треба најдоцна до 31-ви март да дојдат во подрачните служби за нова пререгистрација. Тие на назначените шалтери треба да достават само здравствена легитимација и изјава за остварени приходи зa 2011 година. Изјавата може да ја „симнат“ од интернет страницата на Фондот или, доколку немаат таква можност, таа бесплатно ќе им биде поделена во подрачните служби.„Доколку овие граѓани не се регистрираат наново до предвидениот рок, тие можат тоа да го сторат и потоа, но ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно нема да добиваат сини картони додека не ја завршат оваа обврска“, стои во соопштението. За таа цел, ФЗО апелира до локалните власти, невладините и верски заедници кои ги претставуваат одредени групи граѓани, да ги контактираат раководителите на подрачните служби на Фондот за да се договорат со нив како полесно да се организира пререгистрацијата.Инаку, заклучно со 8.03.2012 од вкупно 221.130 граѓани кои треба да се пререгистрираат, оваа обврска ја завршиле 88.740 граѓани или вкупно 44,6 отсто.Најголем одѕив за пререгистрација има во Македонски Брод, Струмица, Куманово, Штип и Велес, каде се пререгистрирани повеќе од 50 отсто од невработените, а најмал одѕив има во Неготино, Крива Паланка, Свети Николе и Делчево каде пререгистрацијата се движи меѓу 28 и 31 процент. Во Скопје досега се пререгистрирале вкупно 39 отсто од невработените. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

