Свет
Унгарско-американска воена вежба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-1440.jpeg)
Припадниците на унгарските и американските воздухопловни сили започнаа заедничка воена вежба во Кечкемет, што ќе трае до 15 април, јавија денеска унгарските медиуми.
Припадниците на унгарските и американските воздухопловни сили започнаа заедничка воена вежба во Кечкемет, што ќе трае до 15 април, јавија денеска унгарските медиуми. Според унгарски воени извори, на вежбата ќе учествуваат околу 100 војници од воените бази Авиано и Кечкемет, како и авиони на НАТО од типот “Ф-16“ и авиони на унгарските воздухопловни сили од типот “Миг-29“. Цел на заедничката вежба е увежбување на воздушни борби и стратегии. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Лукашенко паднал во несвест пред состанокот со Путин и Си Џинпинг
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/0b1a30e3-fc88-4e00-a9d2-6aaee42b5bd6.jpg)
На самитот со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, белорускиот претседател Александар Лукашенко наводно ја загубил свеста, според неофицијални извори. Неговата моментална здравствена состојба се држи во тајност додека лидерите ја продолжуваат средбата во Казахстан.
Белорускиот политички аналитичар Дмитриј Бољункетс тврди дека Лукашенко, кој е познат по бруталното задушување на политичките противници, „ја изгубил свеста на самитот“. Тој истакна дека Лукашенко веќе имал сериозни здравствени проблеми по посетата на Москва во мај минатата година, кога му била дијагностицирана комплицирана состојба.
Откако му беше дијагностицирана дисеминирана интраваскуларна коагулација во 2023 година, Лукашенко наводно зема скапи лекови, според Бољункетс.
Според Бољункетс, ова не е првпат Лукашенко да се онесвести, а како можни причини ги наведува топлината, патувањето, стресот и нервозата, додавајќи дека и сака да пие неколку пијачки.
Рускиот независен медиум ТВ Рајн исто така објави за здравјето на Лукашенко на самитот на Шангајската организација за соработка оваа недела. Според еден извештај: “Вечерта на 3 јули, Лукашенко пристигна во Астана – тој излезе сам од авионот, иако не изгледаше целосно здрав. Според нашите извори неговата состојба видно се влошила пред учесниците на самитот Следниот ден тој зборуваше на самитот и се сретна со шефови на држави. Сепак, јасно е дека изгледаше полошо од два дена претходно кога присуствуваше на парадата во Минск во воена униформа. Неговото лице беше бледо, а неговиот говор не беше сигурен…“
Свет
(Фото) Шефовите на влади доаѓаат и си одат, но тој останува: Мачорот Лари во Лондон го пречека шестиот премиер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-110136.jpg)
Сиво-белата мачка, која ја носи титулата „ловец на глувци“, е видена како се шета околу познатата црна врата – канцеларијата што сега ќе ја дели со својот шести премиер.
Лари живее во седиштето на британската политичка моќ од 2011 година кога, во времето на тогашниот премиер Дејвид Камерон, тој беше посвоен од блиското засолниште за животни.
Лари „служеше“ под премиерите Тереза Меј, Борис Џонсон, Лиз Трус и Риши Сунак.
Тој вчера и официјално доби нов шеф, лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, кој стана премиер по убедливата победа на парламентарните избори.
Како што пишуваат медиумите, Лaри би можел да добие и друштво со оглед на тоа што Стармер веќе има мачка по име „ЏоЏо“.
Свет
Словачкиот премиер: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-06-103840.jpg)
Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавноста откако беше тешко повреден во обид за атентат. Тој одржа говор за време на вечерната прослава на Денот на Кирил и Методиј, национален празник во Словачка.
Во својот говор тој го пофали својот унгарски колега Виктор Орбан за неговите посети на Киев и Москва оваа недела. „Сакам да изразам восхит кон унгарскиот премиер што не се двоумеше да ги посети Киев и Москва. Ако здравјето ми дозволи да патувам, со задоволство би му се придружил“, изјави Фицо.
Инаку, Орбан вчера пристигна во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Потегот на Орбан предизвика укор од лидерите на Европската унија, кои јасно ставија до знаење дека унгарскиот премиер нема да го претставува Брисел за време на неговиот престој во Русија.
Орбан изјави дека Унгарија може да стане единствената земја во Европската унија која одржува врски и дијалог и со Русија и со Украина. Претходно оваа недела тој го посети Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.