Македонија
Граѓаните на Македонија да се самозаштитат од грипот
Граѓаните на Македонија не треба да бидат вознемирени во врска со новиот грип, но треба да бидат подготвени на самозаштита
Ова го препорача шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација, Марија Кишман во разговор за Гласот на Америка, програма на македонски јазик, додавајќи дека она што го прават меѓународните институции и државата не е доволно, доколку поединците не преземат соодветни чекори за заштита на своето здравје во конкретниот случај.Се препорачува избегнување на места каде што има голема концентрација на луѓе, доколу се болни да седат дома, ако се разболат децата и родителите да останат дома, во случај на симптоми на болеста (висока температура, кашлица, кивање и болки во телото) да побараат лекарска помош и соодветно да ги следат упатствата од здравствените кадри.Македонија ги имаат на располагање неопходните механизми во поглед на човечки ресурси, сместување и лабораториска опрема за да одговори на првиот можен бран на соодветна идентификација на потенцијални случаи на новиот грип, што би се јавиле во земјата, рече Кишман. Таа додаде дека ниту една држава во светот не може да каже дека е максимално подготвена, ниту пак соодветно опремена за да може да одговори на пандемија, што значи проширување на инфекцијата во светски размери. СЗО прогласувајќи петти степен на подготовка за пандемиска состојба, ги повика државите, вклучувајќи ја и Македонија да ги активираат своите планови за вонредна состојба во однос на подготовка за пандемиска инфлуенца, појасни Кишман, додавајќи дека ова е последната фаза пред појавата на пандемија во светски рамки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени
Најстудено утринава било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени, а температури под нулата се измерени и во Битола, Берово, Маврови Анови, Прилеп, Крушево и Претор.
Во Петровец, Охрид, Штип, Велес и Крива Паланка утринава се измерени нула степени, а максималната утринска температура била 4 степени и е измерена во Гевгелија.
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и наместа со услови за повремен слаб дожд, а на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје, слично време со дневна температура до 10 степени.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

