Европа
Салмонд: Извештајот на Чилкот за војната во Ирак ќе ги открие виновниците
Поранешниот премиер на Шкотска, Алекс Салмонд очекува дека извештајот на британското учество во воената кампања во Ирак во периодот од 2003 до 2009 година, подготвен од комисијата предводена од сер Џон Чилкот, ќе ги презентира доказите потребни за повикување на одговорност на оние кои стојат зад воениот конфликт во кој животите ги загубија повеќе од 600.000 луѓе.
Извештајот, како што претходно беше најавено, ќе биде објавен во среда, 6-ти јули. Истрагата за учеството на Велика Британија во војната во Ирак, ја водеше независна комисија предводена од сер Џон Чилкот, која започна во 2009 година и објавувањето на извештајот досега беше повеќепати одложувано.
„Денеска, конечно, ќе видиме, како што се очекува, дали ќе има инкриминирачки извештај за катастрофалната војна во Ирак“, изјави поранешниот шкотски премиер, Алекс Салмонд.
„Минаа тринаесет години од почетокот на војната, и седум откако сер Џон Чилкот го започна своето истражување, семејствата на 179 загинати војници, конечно, треба да добијат некакви докази и заклучоци околу тоа зошто биле испратени во таа војна со измама и зошто британската влада направила толку сериозни пропусти во планирањето на војната и нејзините последици“, додаде Салмонд.
Прашањето за учеството на британските војски во операцијата предизвика голема поделба во кабинетот на тогашниот премиер Тони Блер. Владата донесе одлука да испрати војници во Ирак, откако Блер објави дека Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување, но такво никогаш не беше пронајдено.
Во септември 2010 година САД објавија официјално завршување на борбените операции во Ирак./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски товарен брод потона во Средоземното Море, двајца членови на екипажот исчезнаа
Рускиот товарен брод „Урса мајор“ потона во Средоземното Море меѓу Шпанија и Алжир, а двајца членови на неговиот екипаж се водат за исчезнати, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
A Russian cargo ship, Ursa Major, sank in international waters between Spain and Algeria
Fourteen crew members have been rescued, while two remain missing.
The ship was under sanctions and, according to Ukrainian media, was allegedly used to transport Russian weapons and… pic.twitter.com/8MFdSIA8ws
— NEXTA (@nexta_tv) December 24, 2024
Бродот потона по експлозија во машинската соба, а 14 од 16-те членови на екипажот беа спасени и донесени во Шпанија, се вели во соопштението на Министерството за печатот.
Европа
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје за учениците поради заканата од Русија, објави „Евроњуз“
Полска воведе задолжително безбедносно образование за децата во училиштата, кое вклучува обука за ракување со оружје, како и прва помош.
Повеќето земји сакаат нивните деца да бидат што подалеку од оружјето, но ситуацијата во Полска се чини дека е малку поинаква.
Поради близината на фронтот во Украина, но и зголемениот страв од заканите на Москва, полската влада воведе задолжителна обука за огнено оружје за децата во основните и средните училишта.
Деца на возраст од 14 години сега учествуваат во обуката за оружје, која е дизајнирана да ги научи како прецизно да пукаат, но и како да се справат со „воените закани, како и со основите на тактичкото спасување“.
Наставната програма вклучува лекции за тоа како да се состави и расклопи оружјето и како да се подобри точноста на гаѓањето во мета. За да се заштитат учениците, наставата која се одржува во училишните гимназии, наместо конвенционална муниција, се користат ласерски пиштоли.
Под името „Безбедносно образование“ предметот е задолжителен во осмо одделение од основно и прва година во средно училиште, односно за деца на возраст од 14 до 16 години.
Што се однесува до обуката за гаѓање, во основните училишта, барањата вклучуваат теоретска подготовка за безбедно ракување со оружје, објасни полското Министерство за образование во имејл до „Евроњуз“.
„Во средните училишта основната обука за гаѓање со практична компонента ќе се изведува со употреба на безбедни алатки за вежби за гаѓање, како што се огнено оружје, пневматско оружје, реплика на огнено оружје (ASG) или виртуелни/ласерски полигони за стрелање“, додаваат од Министерството.
Европа
Зеленски: Бројот на загинати и ранети севернокорејски војници надмина 3.000
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во областа Курск надминува 3.000 луѓе.
„Постојат ризици од испраќање дополнителни војници и воена опрема за руската армија од Северна Кореја и ние ќе реагираме на тоа. Според прелиминарните податоци, бројот на загинати и ранети севернокорејски војници во Курск надминува 3.000 луѓе“, рече Зеленски на состанок на персоналот, повикувајќи се на извештајот на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.
Според него, важно е светот да разбере дека ризикот од дестабилизација околу Корејскиот полуостров и во соседните региони се зголемува пропорционално со растот на соработката меѓу Москва и Пјонгјанг, пренесува Укринформ.
„Пренесувањето на искуството од модерното војување и ширењето на воената технологија од Русија е глобална закана. За светот цената за враќање на стабилноста е секогаш многу повисока од цената на ефективен притисок врз оние кои ја дестабилизираат ситуацијата и го уништуваат животот “, рече Зеленски.
Американското Министерство за одбрана на 26 ноември потврди дека најмалку 12.000 војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да ја поддржат војната на Кремљ против Украина.
Русија почна да ги користи севернокорејските војници во офанзивните операции во областа Курск, особено како дел од комбинираните единици на маринци и воздушни сили на Вооружените сили на Русија, наведува украинската агенција.
Британското Министерство за одбрана на почетокот на декември соопшти дека севернокорејската армија претрпела значителни загуби во борбите во областа Курск, каде што е во тек операцијата на одбранбените сили на Украина.