Македонија
Премиерот Груевски промовираше петнаесет нови наслови од проектот за превод на 500 стручни книги

Премиерот Никола Груевски денеска на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје одржа промоција на петнаесет нови дела од областа на правото, информатиката, од светски реномирани автори, преведени на македонски јазик
„Имам големо задоволство да ви ја презентирам шестата промоција на книжевното богатство, со промоцијата на петнаесет нови изданија на книги кои се дел од проектот на Владата „Превод на 500 книги од најреномираните универзитети во САД и Англија од областа на правото во Франција и Германија“. Досега имаме испечатено и промовирано точно 116 изданија од вкупниот број 500 на врвна научна и стручна литература од различни области. Сите дела ги нудиме на македонската јавност, на младите, на вас студентите, на професорите, асистентите, на образовните, научните и државните институции“, рече премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните студенти и професори на Правниот факултет.Тој апелираше до професорите и ректорите на универзитетите овие книги да се користат како први во процесот на студирање, а не како дополнителна литература, притоа изразувајќи почит и кон домашните автори, за како што рече зголемување на компетенциите на идните професионалци.Премиерот Груевски по завршувањето на промоцијата на книгите на Правниот факултет ја отвори и новата електронска училница, со што студентите ќе можат да полагаат пред компјутер и веднаш да имаат резултати од испитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерувањето на Сања Божиновска во новоформираното Министерство за енергетика, можеме јасно да заклучиме: 0 резултати, 0 реформи, 0 проекти, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Гледаме е целосен распад на енергетскиот систем, поради неспособноста на Божиновска. ЕСМ како најголем производител на електрична енергија потфрли за цели 35% од планираното производство за 2025 година. Официјалното објаснување е дека планот бил „преамбициозен“, што само го потврдува погрешното управување со секторот. За првпат во последниве 35 години, РЕК Битола не работеше повеќе од седум дена. Во истиот период, РЕК Осломеј од 8 јуни до денес не е вратен на мрежа. Во рудникот Суводол се случи сериозна хаварија – лизгање на јаловинскиот систем, што го загрозува производството и безбедноста на работниците. ТЕЦ Осломеј не се користи за производство, туку за партиски вработувања – на луѓе ставани на списоци преку социјални мрежи“, рече таа.
Според Кузеска, енергетска зависност денеска е повисока од кога било досега.
Кузеска изјави дека во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија увезла повеќе струја отколку во трите години претходно заедно.
Исто така, Кузеска рече дека новото раководство на ЕСМ потрошило една милијарда денари повеќе, а трошоците на претпријатието се зголемени за дополнителни 400 милиони денари.
„Тоа значи поскапа струја која на крајот ја плаќаа граѓаните од својот џеб“, рече Кузеска.
Додека министерката се слика по постројки и објавува промотивни видеа, додаде таа, граѓаните плаќаат поскапа струја, а системот се распаѓа.
„Дали министерката има склучено договор за правни консултации со познат адвокат близок до ВМРО-ДПМНЕ? И која е неговата улога, советничка или посредничка? Се поставува прашањето дали одредени соработки со адвокати укажуваат на постоење коруптивна мрежа во министерството која води директно до министерката? Очекуваме одговори а за ова повеќе информации ќе изнесеме во следниот период“, рече Кузеска и додаде дека министерката Сања Божиновска не е само најслабиот министер во Владата на Мицкоски туку е и симболот за енергетскиот хаос што го живеат и скапо го плаќаат граѓаните.
Македонија
(Видео) Атанасов: Во Неготино, СДС кандидира човек кој е продолжена рака на Заев и Филипче

За многу брзо, ќе бидеме пред важна изборна одлука. Повторно се бара од нас да избереме – помеѓу прогрес и стагнација, помеѓу одговорност и заборав, помеѓу иднина и минато.
Од спротивниот табор, СДС ни предлагаат кандидати кои не се ништо друго освен продолжена рака на истите стари навики, истакна на прес-конференција Стојанче Атанасов, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино.
Според него тоа е само уште една алка од синџирот на корупција кој со години го гуши нашиот град.
„СДСМ веќе покажа што знае – и тоа не е работа, туку распродавање. Не е грижа за граѓаните, туку грижа за тендери, за блиски луѓе, за личен интерес.
Неготино се споменува низ државата, но не како пример за развој, туку како симбол на неодговорност и коруптивност“.
И сега повторно, додава тој, истата партија сака нов мандат.
„Повторно истите луѓе, со истите структури, со истите интереси. Дали ќе дозволиме повторно градот да се води од сенка?
Ние велиме – доста е!
Ова не е изборна кампања. Ова е борба за достоинство на нашиот град. Потребна е локална власт која не се крие, туку одговара. Власт која работи, а не режира. Власт која носи промени, а не оправдувања“, истакнува Атанасов.
Македонија
(Видео) Мицевски: СДС и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени

СДС и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени.
Само СДС може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации, вели Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некрофилијата на СДС оди дотаму што ја подгреваат атмосферата од Советот на општина Кочани преку нивниот тепач, до јавниот настап на нивните функционери и прекиот суд на прес-конференции.
СДС и Венко Филипче имаат за цел дестабилизација на состојбата во Кочани, создавање на хаос и ширење на силна омраза помеѓу луѓето“.
СДС и Венко Филипче, додава тој, се тргнати да градат сопствена среќа на туѓа несреќа и тоа народот го гледа и ќе го казни.
Според Мицевски, ниту во Кочани, ниту било каде во Македонија народот им верува на СДС и Филипче.
„И веќе многу лесно им ги чита мотивите“.