Македонија
СМК: Европа го промовира наци-фашизмот!

Државното име Македонија не е проблем меѓу Скопје и Атина, туку на Брисел и Стразбур во односите со Атина
Државното име Македонија не е проблем меѓу Скопје и Атина, туку на Брисел и Стразбур во односите со Атина. Со барањето за промена на државното име Македонија, европската бирократија го повампирува наци-фашизмот поразен во Втората cветска vојна! Државното име Македонија не е проблем кој ЕУ не сака да го увезе пред да биде решен, државното име Македонија е проблем во ЕУ и таа во односите со Атина мора самата да си го реши! Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО за Македонците е неприфатливо, соопшти Светскиот македонски конгрес по средбите на еврокомесарот Штефан Филе во Скопје.
„Притисоците на европската бирократија за промена на државното име Македонија се срам за европските демократии и злосторство против човештвото! Македонците отфрлаат секаква промена на државното име Македонија! За Македонците единствено прифатлива е ирската формула: уставната референца „Република“ пред државното име Македонија и географската одредница „Јужна“ за северната грчка провинција Македонија како јасна разлика од северниот сосед на Грција, државата Македонија!
СМК ја потсетува власта дека државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година и дека согласноста или потписот на каков и да е акт за промена на државното име Македонија, освен она на кое положиле заклетва при преземањето на мандатот, значат смртна пресуда и дестабилизација на регионот.
„Лицемерие и пародија е посетата на евро-комесарот Штефан Филе на Македонија, заради учество на конференција по повод десетгодишнината од Рамковниот договор со цел унапредување на правата на националните малцинства, наспроти дискриминацијата на основното право на самоидентификација и самоопределување на мнозинскиот македонски народ со наци-фашистичкото барање за промена на државното име Македонија“, соопшти СМК./крај/ад
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„На матурска прослава без автомобил, без конзумирање алкохол: МВР со апел за безбедни матурски прослави

Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе, матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот, информираат од МВР.
Одговорноста, како што напоменуваат, за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.
„Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир“, посочуваат од МВР.
Македонија
„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.05 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција. Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи“, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?
Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?
Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче.
Срамно е што на неговата фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога сета по песочните плажи и ужива во украдените пари.
СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Разочарувачка е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржат Законот за Кочани, велат од СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува длабоко разочарување од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието.
Како што велат, станува збор за закон без политичка позадина.
„Со една единствена цел, да им помогнеме на семејствата што изгубија најмногу, што изгубија сѐ, да им помогнеме на повредените, на сопствените граѓани. Тоа е чин на елементарна човечност, одговорност и морал. ВМРО-ДПМНЕ требаше да покаже одговорност и зрелост а не да се држи само до политичкиот инает. Зад она што е добро треба заеднички да застанеме без било какви политички калкулации, искрено и добронамерно. Ова не е прашање на партиски разлики, ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани“.
За Кочани, додаваат од партијата, мора да има правда, одговорност но и силна поддршка и помош на оние на кои им е неопходна.
СДСМ, велат, од првиот ден по трагедијата се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените.
„Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Ќе продолжиме да се бориме за вистински вредности, за помош и поддршка и ќе стоиме зад нашите граѓани“.