Македонија
Македонија и Русија заедно против тероризмот и транснационалниот криминал
Руското и македонското министерства за внатрешни работи заедно ќе се борат против транснационалниот криминал и тероризмот. Заменик министерот за внатрешни работи на Руската федерација, Сергеј Булавин денеска се сретна со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Руското и македонското министерства за внатрешни работи заедно ќе се борат против транснационалниот криминал и тероризмот. Заменик министерот за внатрешни работи на Руската федерација, Сергеј Булавин денеска се сретна со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Двете земји наскоро треба да потпишат договор за полициска соработка. Рускиот министер понуди организирање на обуки за македонските полицајци во областа на нелегалната трговија со наркотици, во која Русија остварила успех.
„Приоритет е борбата со незаконската трговија со наркотици. Русија оствари голем успех во оваа сфера, ние имаме меѓународен центар за нелегална борба со наркотици. Им предложивме на македонските колеги, доколку имаат потреба да дојдат на обука“, рече Булавин.
„Министерството за внатрешни работи е отворено за сите форми на соработка кои значат подобрување на капацитетите на полицијата. Руската федерација е партнер од кого во борбата против криминалот може многу да се научи, ние сме отворени нашите полицајци да поминат одредена обука во области за кои што чувствуваме таква потреба. Исто така подготвени сме за размена на информации, посебно оние кои се однесуваат за борбата против транснационалниот криминал и тероризмот како глобални закани во општеството“ изјави Јанкулоска.
Договорот за соработка меѓу двете земји се очекува да биде потпишан кон крајот на октомври. Освен за борбата со криминалот, двајцата министри го отвориле и прашањето за целосна либерализација на визниот режим меѓу двете земји и наскоро потпишување на договор за реадмисија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.