Контакт

Спорт

Лацио се поправа

Објавено пред

Фудбалерите на римски Лацио и Удинезе стигнаа до значајни победи на гости во 25-то коло од Серија А

dobivaj vesti na viber

По серијата резултатски осцилации, Лацио со победата од 2:0 над Бреша успеа да го држи чекорот со водечките на табелата. Со оваа победа привремено се искачи на третото место минувајќи го Интер. Стрелци за „бјанкочелестите“ во мрежата на Бреша која се  бори за опстанок во Серија А, беа Гонзалес во 17. и Козак во 58. минута.Исто како и Лацио, и Удинезе во неделата ја забележа петтата победа во гости. Овојпат со 3:0 е совладана Чезена, која исто како и противникот на Лацио – Бреша се наоѓа на претпоследното место од табелата и до крај полека ги губи надежите за опстанок. Сега Удинезе се искачи на петтото место и ќе се бори за четвртата позиција во Серија А која води во Лигата на шампионите. Херој на мечот кај Удинезе беше повторно 33-годишниот ветеран Антонио Динатале кој постигна два гола, во 41. и 75. минута, додека третиот го посигна Инлер во 70. минута. Динатале сега има два гола помалку од водечкиот на листата на стрелците во италијанското првенство, уругвајскиот голгетер на Наполи – Единсон Кавани кој постигна 20 погодоци.Гостинска победа во ова коло постигна и Фиорентина, која на гостувањето на Сицилија го совлада Палермо со 4:2, иако на само 20 минути пред крајот на мечот домашните водеа со 2:1. Возбудливиот меч започна со голот за домашните што го постигна Пасторе во 7. минута, а гостите изедначија преку Џиралдино во 36. минута. Сицилијанците повторно на почетокот од второто полувреме дојдоа во водство преку Ночерино во 48. минута, но Фиорентина направи пресврт почнувајќи  од изедначувањето постигнато преку Кампорезе во 70. минута, а потоа до трите бода дојде со автоголот на Бово во 78 и погодокот на Монтоволио во 88. минута.Според се’ судејќи, овој кикс на домашен терен ќе го чини Палермо можност за борба за излез во Лигата на шампионите, затоа што сега аостанува зад конкурентите Интер и Удинезе, четири односно три бода. Фиорентина, пак, со победата се зацврсти на средината од табелата и е 10-та со 32 бода.Опишаниот Бари ремизираше на домашен терен со Џенова без голови. Ова беше шесто реми за Бари, кој освен трите победи забележа и 16 порази Џенова е 14-та со 29 бодови и меч помалку од конкурентите кои се трудат да ја избегнат опасната зона. Во дербито од средината на табелата, Каљари високо со 4:1 го совлада Киево. Стрелци беа Конти во 19., Канини во 29. и Нене во 44 и 71. минута за домашните, додека гостите почесниот погодок го постигнаа во 84. минута преку Теро. Каљари сега е 9-ти со 35 бодови, додека Киево остана на 11-та позиција со 31 бод. Катаниа и Лече одиграа фантастично второ полувреме полно со пресврти. Домашните заминаа на полувреме со предност откако во втората минута од судиското продолжение  погоди Силвестре, но гостите направија пресврт преку Џеда во 56. минута и Мунари во 61. минута. Среќен ден за Катаниа имаше Лоди кој со голвоите постигнати во 80. и 85. минута направи уште еден пресврт на мечот и донесе важни три бода за домашните, бидејќи со оваа победа Катанија го мина Лече на табелата во зоната која е во опасност од испаѓање од лигата и сега има два бода предност. Катанија имено е 16-та а Лече е на 17-то место.Сампдорија го реши победникот уште во првите 15 минути од мечот со Болоња кога погодија Паломбо во 8., Касталдељо во 11. и Макароне во 15. минута, по што гостите преку Папони во 65. минута успеаја само да намалат на 3:1. Сампдорија и Болоња се во групата екипи кои засега се релативно на безбедна оддалеченост од опасните места, Сампдорија е 2-та с 30 бодови, додека Болоња е 14-та со бод помалку.Вечерва се игра дербито на 25-то коло, во кое Јувентус кој минатото коло по три неуспеха оствари победа го пречекува забревтаниот Интер кој пет кола во серија е непоразен и има шанса со победа да се врат на третото место.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот

Објавено пред

Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.

Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.

„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.

Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.

Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роџерс Мато има договор со Хартс

Објавено пред

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.

dobivaj vesti na viber

Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.

Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед

Објавено пред

Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.

dobivaj vesti na viber

Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.

„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.

Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.

Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.

Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.

Foto/ depositphoto

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа7 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија11 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа11 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет12 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет12 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија12 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија14 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија16 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија16 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија17 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија17 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија17 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија21 час

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ22 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет22 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет22 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет23 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет23 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....