Свет
Националниот совет се прогласи за единствен претставник на Либија
Националниот совет кој ја извршува функцијата на привремена влада формиран од бунтовниците на источните територии на Либија, се прогласи за единствен претставник на земјата
Како што пренесува AFP, претседателот на Националниот совет, поранешниот министер за правда Мустафа Абдул-Џалил на прес-конференција соопшти дека:. „Советот се декларираше себеси за единствен претставник на Либија“.Претходно бил одржан првиот состанок на Националниот совет во градот Бенгази во северо-источниот дел на земјата. Според Џалил, сите странски дипломатски претставништва на Либија во странство кои ги поддржуваат бунтовниците, сега легално ќе ги застапува интересите на Националниот совет. Националниот совет беше основан на 27-ми февруари. Него го сочинуваат 30 претставници на либиската опозицијата од различни региони на источна Либија, како воени, така и цивилни лица. Привремена влада се обидува на териториите кои не се под контрола на силите лојални на Гадафи да воспостави нормално функционирање на живото и да спроведе општи избори во следните три месеца. Истовремено AFP јавува повикувајќи се на извори од либиските бунтовници дека нивните сили урнале авион на лојалистите, во близина на градот Рас Лануда и ги убиле двајцата пилота. Снимката од уривањето на авионот била доставена до странските новински агенции. На снимката се прикажани телата на двајцата пилота крај остатоците од авионот од руско производство во пустината крај пат во близина на Рас Лануда, нафтено пристаниште кој во петокот падна во рацете на бунтовниците. Засега информациите за преземањето на градот како из а падот на авионот го негираат силите лојални на Гадафи. Последните неколку денови овие воени единици вршат бомбардирања и офанзиви врз градовите кои ги држат бунтовниците. Од 15-ти февруари во либискиот провинции избувна револуција со која противниците на режимот бараат соборување на полковникот Моамер ел-Гадафи кој е на чело на државата повеќе од четири децении. Тој ја отфрли таквата можност и презеде жестока контра-офанзива врз пзоициите на бунтовниците. Според меѓународните организации, во обидот за насилно задушување на бунтот против режимот, во судирите меѓу опозицските сили против лојалистите и странски платеници убиени се околу шест илјади луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

