Свет
Опасност од присуството на Ал Каеда во Либија?!
Стравот од исламистите е во сечие сеќавање во Либија. НАТО идентификуваше „знаци“ на исламистичко присуство во бунтовничките редови, а либиската пропаганда „се вози“ на истата порака и режимот убедува дека Ал Каеда стои зад бунтот, пишува францускиот печат
Од почетокот на конфликтот во Либија, полковникот Моамер ел-Гадафи ја повторува исламистичката закана во случај на интервенција на меѓународната коалиција и ги обвини бунтовниците во Тобрук и Бенгази дека се водени од исламскиот емират во Дерна. Муса Kуса, поранешниот либиски министер за надворешни работи кој пребегна во Лондон, исто така напомена за стравот од тоа да ја види својата земја како станува „една нова Сомалија“, пишува во понеделникот францускиот дневен весник L’еxpress. Како што пишува во продолжение парискиот весник, во неделата режимот на полковникот Гадафи остана упорен на оваа линија, и тврди дека „секојдневни се доказите за инволвираноста“ на Ал Каеда во конфликтот. Режимот тврди дека еден од лидерите на оваа организација со група свои борци бил на пат кон западниот град Мисрата кој е во рацете на бунтовницте„„Ние веруваме дека ќе биде многу опасно доколку овие луѓе успеат да се инсталираат во земјата, да ја преземат контролата врз нејзината иднина и врз нејзините огромни богатства, само неколку чекори до Европа“, изјави портпаролот на режимот, Ибрахим Муса, на прес-конференција, пренесува „Л’експрес“. Весникот посочува дека Муса мисли на Абделхаким Ал-Хасади „многу познат лидер на Ал-Каеда“, кој наводно го напуштил Бенгази, главното упориште на бунтовниците на околу илјада километри источно од престолнината Триполи, упатувајќи се во близина на градот Мисрата, со брод „полн со оружје и со современи комуникации“, заедно со 25 „добро обучени борци“. Според Ибрахим , Ал-Хасад „им е многу добро познат на разузнавачките служби во целиот свет“. „За жал, коалицијата е свесна за ова (…) и е подготвена да им дозволи на припадниците на Ал Каеда да преминат од Бенгази кон Мисрата“, се пожалил портпаролот на режимот во Триполи, кого го цитира францускиот весник. Друга цел на анти-исламстичкиот говор на либиската влада е Исмаил Салаби, член на Либиската исламистичка борбена група (Groupe islamique de combat libyen (Gicl) – Al-Jama’a al-Islamiyyah al-Muqatilah bi-Libya) којашто е поврзана со Ал Каеда. Салаби, според портпаролот Муса, предводи група од 200 „фундаменталисти“ стационирани во воениот камп „7 април“ во Бенгази каде ги обучуваат дваесетина експерти од Катар.И конечен „доказ“ за учеството на исламистите, како што пишува „Л’Експрес“ – во шемата на либискиот режим се дава со примерот на Абделмонем Ал-Мадуни, опишан како „член на Ал-Каеда од 1980-тите години“, кој неодамна беше убиен во борбите со бунтовниците во близина на нафтеното преистаниште Брега западно од Бенгази. Алиас – Мустафа Ал-Зави, Орва или Ибн ал-Вард, Абделмонем Ал-Мадун, инаку беше баран од Интерпол и од САД, потенцира портпаролот на либиската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН ги повикаа САД да го подмират долгот од над четири милијарди долари
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот.
Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации.
Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор финансиски колапс“ поради неплатени членарини.
Баербок изјави дека „секојa земја членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме“, додавајќи дека 160 милиони долари „очигледно не е целосниот износ“.
Минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на својот „Одбор за мир“, иницијатива за која дел од експертите сметаат дека може да ги поткопа ОН. Баербок посочи дека за прашањата на мир и безбедност постои легитимно тело, односно Обединетите нации.
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Свет
Руското разузнавање: Велика Британија и Франција префрлаат нуклеарно оружје во Украина
Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина.
Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие планови, објави ТАСС.
Сенаторите ги повикаа ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Конференцијата за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) да ги истражат тврдењата на SVR.
Беше нагласено дека реализацијата на ваквите планови може да доведе до ескалација на конфликтот и да создаде сериозни закани за безбедноста на Русија и Европа.
Во соопштението се наведува дека, според Нуклеарната доктрина на Руската Федерација, поддршката на нуклеарна сила на Украина може да се сфати како заеднички напад.
Претходно, СВР објави дека Франција и Велика Британија активно работат на снабдување на Украина со нуклеарно оружје, наведувајќи ја како можност испораката на француската мала боева глава ТН75 од балистичката ракета М51.1, пренесува Танјуг.

