Свет
НАТО ги бомбардираше Триполи, Сирт и Азизиja
Силите на НАТО во вторникот извршија серија воздушни напади врз градовите во западна Либија – Триполи, Сирт и Азиз, јавува државната либиска агенција ЏАНА.
Силите на НАТО во вторникот извршија серија воздушни напади врз градовите во западна Либија – Триполи, Сирт и Азиз, јавува државната либиска агенција ЏАНА. Според воени извори, Триполи и родниот град на лидер на државата Моамер ел-Гадафи – Сирт биле нападнати во раните утрински часови, додека Азизија била бомбардирана околу 12 часот по локално време (исто и според македонско време). Засега нема информации за жртви во последните воздушни напади врз градовите кои ги контроли режимот на Гадафи. И покрај активностите на коалицијата кои вршат речиси секојдневни напади врз силите лојални на полковникот Гадафи, тие и натаму продолжуваат да ги држат под опсада градовите во кои контролата ја преземаа бунтовниците. Денеска претставници на либиските бунтовници тврдат дека од страна на владините сили досега биле убиени околу 10 илјади луѓе. Либија од почетокот на бунтот во средината на февруари ја напуштија стотици илјади бегалци. Светската програма за храна денеска исто така го најави отворањето на првиот коридор за хуманитарна помош за Либија од соседниот Тунис./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.