Контакт

Свет

Опасност од присуството на Ал Каеда во Либија?!

Објавено пред

Стравот од исламистите е во сечие сеќавање во Либија. НАТО идентификуваше „знаци“ на исламистичко присуство во бунтовничките редови, а либиската пропаганда „се вози“ на истата порака и режимот убедува дека Ал Каеда стои зад бунтот, пишува францускиот печат

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на конфликтот во Либија, полковникот Моамер ел-Гадафи ја повторува исламистичката закана во случај на интервенција на меѓународната коалиција и ги обвини бунтовниците во Тобрук и Бенгази дека се водени од исламскиот емират во Дерна. Муса Kуса, поранешниот либиски министер за надворешни работи кој пребегна во Лондон, исто така напомена за стравот од тоа да ја види својата земја како станува „една нова Сомалија“, пишува во понеделникот францускиот дневен весник L’еxpress. Како што пишува во продолжение парискиот весник, во неделата режимот на полковникот Гадафи остана упорен на оваа линија, и тврди дека „секојдневни се доказите за инволвираноста“ на Ал Каеда во конфликтот. Режимот тврди дека еден од лидерите на оваа организација со група свои борци бил на пат кон западниот град Мисрата кој е во рацете на бунтовницте„„Ние веруваме дека ќе биде многу опасно доколку овие луѓе успеат да се инсталираат во земјата, да ја преземат контролата врз нејзината иднина и врз нејзините огромни богатства, само неколку чекори до Европа“, изјави портпаролот на режимот, Ибрахим Муса, на прес-конференција, пренесува „Л’експрес“. Весникот посочува дека Муса мисли на Абделхаким Ал-Хасади „многу познат лидер на Ал-Каеда“, кој наводно го напуштил Бенгази, главното упориште на бунтовниците на околу илјада километри источно од престолнината Триполи, упатувајќи се во близина на градот Мисрата, со брод „полн со оружје и со современи комуникации“, заедно со 25 „добро обучени борци“. Според Ибрахим , Ал-Хасад „им е многу добро познат на разузнавачките служби во целиот свет“. „За жал, коалицијата е свесна за ова (…) и е подготвена да им дозволи на припадниците на Ал Каеда да преминат од Бенгази кон Мисрата“, се пожалил портпаролот на режимот во Триполи, кого го цитира францускиот весник. Друга цел на анти-исламстичкиот говор на либиската влада е Исмаил Салаби,  член на Либиската исламистичка борбена група (Groupe islamique de combat libyen (Gicl) – Al-Jama’a al-Islamiyyah al-Muqatilah bi-Libya) којашто е поврзана со Ал Каеда. Салаби, според портпаролот Муса, предводи група од 200 „фундаменталисти“ стационирани во воениот камп „7 април“ во Бенгази каде ги обучуваат дваесетина експерти од Катар.И конечен „доказ“ за учеството на исламистите, како што пишува „Л’Експрес“ – во шемата на либискиот режим се дава со примерот на Абделмонем Ал-Мадуни, опишан како „член на Ал-Каеда од 1980-тите години“, кој неодамна беше убиен во борбите со бунтовниците во близина на нафтеното преистаниште Брега западно од Бенгази. Алиас –  Мустафа Ал-Зави, Орва или Ибн ал-Вард, Абделмонем Ал-Мадун, инаку беше баран од Интерпол и од САД, потенцира портпаролот на либиската влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Објавено пред

Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

dobivaj vesti na viber

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан

Објавено пред

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави  дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.

Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Прикажи повеќе...

Свет

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната

Објавено пред

Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ39 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија57 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет3 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет3 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет4 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион4 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет4 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија15 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија15 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија16 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија18 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ22 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија23 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...