Европа
Британската истрага заклучи дека нападот врз Ирак не бил нужен и е грешка
Можностите за мирно решение на проблемот со Ирак не биле исцрпени до крај пред британската инвазија врз оваа земја, и нападот не бил нужен и претставува грешка, заклучила посебната истрага за британското учество во ирачката војна од 2003 до 2009 година, чии резултати во средата ги претстави шефот на комисијата сер Џон Чиклот.
„Констатиравме дека Велика Британија избрала да се присоедини (кон операцијата) за инвазијата пред да бидат исцрпени сите можности за мирно разоружување… Воените дејствија во тоа време не биле последниот чекор“, изјави Чилкот на претставувањето на извештајот во Лондон.
Во извештајот на комисијата се истакнува дека британската влада ги потценила последиците на инвазијата врз Ирак и испратила свои војници во земјата вез поддршка од мнозинството членки на Советот за безбедност при Обединетите нации.
Во извештајот, исто така, се наведува дека немало закана од создавање нуклеарно оружје во Ирак, поради санкциите наметнати врз тогашниот режим на Садам Хусеин. Одлуката за инвазијата била донесена врз основа на „недокажани податоци“, сметаат од истражната комисија предводена од сер Чилкот.
„Челниците на министерствата (во британската влада) знаеле за слабата подготовка на САД за инвазијата и следните чекори по неа. Воените функционери се надевале на успешна кампања: паѓање на Багдад и апсење на ирачкиот претседател Садам Хусеин за помалку од еден месец“, истакна Чилкот.
Авторите на извештајот, исто така, велат дека инвазијата била погрешна одлука, од којашто „сé уште се чувствуваат последиците“.
Разузнавачките податоците за наводното ирачко оружје за масовно уништување со коишто тогашниот британски премиер Тони Блер ја оправдувал инвазијата, со којашто е соборен Садам Хусеин и загинале 179 војници, имале недостиг и земени се здраво за готово, покажала истрагата.
Одлуката Велика Британија да ѝ се приклучи на инвазијата предводена од САД „ниту одблиску“ не била правно заснована, а заложбите на Блер за воена акција биле пренагласени, изјави претседателот на истражната комисија, сер Џон Чилкот кого го цитираат светските агенции.
„Истрагата не зборува за тоа дали воената акција била легална или не. Меѓутоа, она што го заклучивме е дека околностите во кои е одлучено дека постои правна основа за воеан акција биле далеку од задоволителни“, рече Чилкот пред новинарите и семејствата на некои од загинатите војници.
Говорот на Блер во британскиот парламент во 2002 година за опасноста којашто наводно ја претставувало ирачкото оружје за масовно уништување и пропратниот разузнавачки извештај, биле претставени со „неоправдана доза на сигурност“, истакна Чилкот.
Додаде дека неколку дена пред инвазијата, главниот владин обвинител барал од Блер да потврди дека Ирак ја прекршил резолуцијата на Советот за безбедност на ОН , што би ја оправдало војната.
Блер тогаш тврдел дека Багдад навистина ги прекршил резолуциите, но Чилкот додаде дека „Не е јасно врз основа на што господин Блер така одлучил“.
Истакна и дека Блер го променил образложените за почеток на војната, првично тврдејќи дека Садам Хусеин има „големи резерви“ илегално оружје, а потоа тврдел дека за намерата на Садам да дојде до такво оружје со што ги крши резолуциите на ОН.
„Тоа, меѓутоа, не било објаснување за воена акција којашто ја изнел пред почетокот на судирот“, истакна Чилкот.
По објавувањето на извештајот пред зградата каде заседава Комисијата се собраа повеќе луѓе барајќи поранешниот премиер Рони Блер, кој должноста ја извршуваше во периодот меѓу 1997 до 2007 година, да биде повикан на одговорност, пренесуваат медиумите.
Седум години по почетните подготовки, комисијата за истрагата околу за контроверзниот воена ангажман на Велика Британија во ирачката војна од 2003 година, конечно го објави својот извештај по повеќе одложувања, а е особено остро во однос на поранешниот премиер Блер.
Изработката на извештајот која беше нарачана во 2009 година, се предолго се пролонгираше и самата стана контроверзна, терајќи ги гневните членови на семејствата на војниците убиени во Ирак да ѝ постават ултиматум на властите, под закана за покренување правна псотапка.
Чилкотовата комисија, наречена по претседателот сер Џон Чилкот, според првичниот договор заклучоците требаше да ги донесе во рок од една година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

