Свет
Либиската опозиција не сака копнена операција на НАТО
Либиската опозиција се спротиставува на копнена операција на силите на НАТО, изјави за новинарите во понеделникот во Москва, претставник на Преодниот национален совет, Абдел Рахман Шалкам, пренесува РИА Новости.
Либиската опозиција се спротиставува на копнена операција на силите на НАТО, изјави за новинарите во понеделникот во Москва, претставник на Преодниот национален совет, Абдел Рахман Шалкам, пренесува РИА Новости. „Не. Никогаш. Ние не сакаме копнена операција во Либија. Да, имаше информации дека во бомбардирањата имаше жртви. Ние, секако, жалиме и се извинуваме за тоа. Се надевам дека тоа ќе биде колку што е можно повеќе избегнато во иднина“, изјавил Шалкам. Руското министерство за надворешни работи на почетокот од мај издаде соопштение дека се спротиставува на копнени воени операции во Либија, бидејќи резолуцијата 1973 на Советот за безбедност на ОН „категорично и недвосмислено“ ја исклучува оваа можност.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред извесно време изјави дека кон крајот на април Москва добила информации околу подготовката на меѓународната коалиција за копнена офанзива во Либија. Во средината на февруари во Либија почнаа масовни народни демонстрации со барање за повлекување на владејачката партија во земјата којашто е повеќе од 40 години управувана од полковникот Моамер ел-Гадафи. Подоцна протестите прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците. Во градот Бенгази во источниот дел на Либија, бунтовниците формираа Преоден национален совет, кој се прогласи за единствен легитимен орган во земјата. Некои западни земји го признаа легитимитетот на Националниот совет на Либија, од кои некои испратија во Бенгази свои претставници.Советот за безбедност на ОН на 17-ти март ја усвои резолуцијата 1973 со која се повикува на воведување зона за забранети летови над Либија и ја отвора можноста за странска воена интервенција во врска со ситуацијата во оваа северноафриканска земја. Операцијата на коалициските сили започна на 19-ти март, а неколку дена подоцна командата на операцијата беше префрлена во НАТО./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

