Спорт
Ливерпул скршен во продолжението, Челзи пак не победи
Со голот на Аарон Ленон во втората минута од судиското надополнување Тотенхем го победи Ливерпул со 2:1 во 15-то коло од англиското фудбалско првенство, додека шампионот Челзи го избегна и третиот првенствен пораз по ред
Иако до победата дојдоа во последните мигови, „спарсите“ на својот „Вајт Харт Лејн“ беа подобриот противник и сосема заслужено ги освоија трите бода. Тотенхем како што покажува и статистиката во текот на мечот ја имаше доминацијата во поседот на топката, поголем број шанси и неискористен пенал при водството на Ливерпул.Тотенхем во вториот дел го направи целосниот пресврт, откако во првото полувреме „редсите“ дојдоа до предност преку Мартин Шкртел во 42. минута. Во 65. минута, Хрватот Лука Модриќ по левата страна направи брз пробив низ одбраната на Ливепрул, и кога сакаше да нафрли до Питер Крауч, топката го погоди Шкртел во ногата, така што тој стан адвоен стрелец, но во двете мрежи. Претходно во 59. минута беше досуден пенал за Тотенхем, на кој „редсите“ жестоко реагираа, но се чини неоправдано, на што откако шутираше Гарет Бејл, топката удри во без никаква потреба високо подигнатите раце на Давид Н’Гог, околу линијата од шеснаесетникот. Гостите сметаа дека прекршокот е направен надвор од казнетиот простор, но арбитерот Мартин Еткинсон покажа на белата точка. Сепак, Џермејн Дефо го промаши целиот гол, па домашните го чекаа изедначувањето што дојде по пет минути. Победата на Тотенхем дојде во 92. минута откако Крауч спушти до Аарон Ленон една висока топка кој одблизу пласираше крај Пепе Реина.Куриозитет е што ова беше трета победа на Тотенхем по ред на домашен терен и трета со ист резултат 2:1.Се’ уште актуелниот англиски шампион ја продолжува лошата серија и како да многу рано почнува да го губи здивот во трката по новата титула. Во неделата кај повратникот во Премиершип, Њукасл, лондонските „сини“ одиграа само 1:1 со што му дозволија на Манчестер јунајтед да побегне два бода напред и да се осами на врвот, додека сега Арсенал се изедначи со Челзи со 29 бодови.Сепак, ако е некаква утеха за навивачите на Челзи, тие успеаја да го избегнат и третиот последователен пораз во првенството. Домашните преку новиот англиски репрезентативец 21-годишниот Енди Карол поведоа уште во 6. минута. Всушност Алекс катасртофално додаде до својот голман Петр Чех, така што на Карол му остана само да ја подбутне топката во празната мрежа на Челзи, но како и да е тоа за него беше деветти првенствен гол сезонава. И покрај доминацијата и подобрата игра во продолжението од мечот, шампионот успеа само да изедначи преку Саломон Калу во 45. минута. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:

Спорт
Јан Облак во клубот 100
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло.
Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за „јорганџиите“ во Лигата на шампионите, по капитенот Коке (108).
Исто така, Јан Облак стана петтиот играч со 100 или повеќе натпревари во Лигата на шампионите под водство на истиот тренер. Коке, како и Облак, го постигна овој подвиг под водство на тренерот Диего Симеоне.
Пред нив, легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гари Невил, влегоа во клубот 100 под водство на Алекс Фергусон.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бејл: Тренерот во Реал треба да менаџира, а не да тренира
Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо.
Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“.
Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси.
„Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои во Баер Леверкузен, освои трофеи, го водеше тимот неверојатно добро. Но, кога доаѓате во Реал Мадрид, не треба да бидете тренер, туку менаџер. Треба да управувате со егата во соблекувалната“, рече тој.
„Не бев изненаден кога доби отказ. Знам многу добро како функционира Реал. Ако нема резултати, дури и ако не е особено длабока криза, тренерот е поранешен тренер“, додаде тој.
Бејл објасни дека во соблекувална полна со врвни играчи, клучен е поинаков пристап.
„Мора да милувате егото. Не мора да се прават толку многу тактички работи. Има суперѕвезди во соблекувалната кои можат во секунда да го сменат текот на натпреварот во една секунда. Значи, да, можете да видите дека тој е одличен тренер и тактичар, но во Мадрид, очигледно, тоа не функционираше“, заклучи Бејл.
Foto/ depositphotos

