Свет
Во Африка украдени донирани лекови против маларија
Лекови против маларија во вредност од милион долари, донација на една меѓународна хуманитарна организација, се украдени последните неколку години, се наведува во доверливите извештаи во кои имаше увид новинската агенција Асошиејтед Прес.
Лекови против маларија во вредност од милион долари, донација на една меѓународна хуманитарна организација, се украдени последните неколку години, се наведува во доверливите извештаи во кои имаше увид новинската агенција Асошиејтед Прес.Во интерниот документ, Светскиот фонд за борба против сида, туберколоза и маларија за кажбата на лекови идентификуваше 13, главно африкански земји, во кои недостигаат лекови против маларија.Во извештајот е потвредено дека лековите вредни 2,5 милиони долари се украдени во Того, Танзанија, Сиера Леоне, Свазиленд и Камбоџа, главно во периодот меѓу 2009 и 2011 г., но во некои случаи тоа се случило и порано. Конкретниот изноз за другите девет земји во Африка не е познат, а меѓу тие земји се и Нигерија и Кенија, во кои Светскиот фонд има сеопфатни програми.Потпаролот на Светскиот фонд, Џон Лајден, ги потврди наводите од извештајот во широка смисла, но одби да ја кометира конкретната сума. По откривањето на крадењето лекови, преземени се итни мерки и откажано е чување лекови во складиштата во Малавија и Свазиленд. Според АП, наодите на истрагата вкупна вредност на украдените лекови достигнува в 2,5 милиони долари, но постојат сомневања дека во Танзанија се украдени лекови во вредност од 200 милиони долари. До интерна истрага дошло два месеца по почетокот на борбата против корупцијата. Меѓународната организација ја поддржуваат пејачот Боно Вокс и милијаредерот Бил Гејтс./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне конкретен договор за мир меѓу Русија и Украина.
Иако претходно се очекуваше двајцата ќе се сретнат во Будимпешта, до средбата не дојде и истата е одложена.
„Морам да знам дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време“, изјави Трамп во авионот „Ер форс“.
Тој додаде дека секогаш имал одличен однос со Путин, но дека ситуацијата е разочарувачка. Последната средба на 15 август на Алјаска беше оценета како продуктивна.
Во меѓувреме, нападите врз Украина продолжуваат — во најновите руски ракетни и дрон-напади загинале најмалку четири лица, а 20 се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД нови санкции против целиот руски нафтен сектор и ракети со долг дострел.
„Ројтерс“ вчера објави дека американската администрација подготвила дополнителен пакет санкции против руската економија, вклучувајќи банки и нафтна инфраструктура, што ќе се активира доколку Москва продолжи да го одолговлекува мировниот процес.
Извори за Ројтерс наведуваат дека Вашингтон разговара со европските сојузници и за користење на замрзнатиот руски имот за набавка на американско оружје за Киев.
Рускиот пратеник Кирил Дмитриев кој се наоѓа во Вашингтон вчера изјави дека Москва, САД и Украина се блиску до дипломатско решение, додека украинската страна ги поздрави новите санкции.
Свет
Рубио: Подготвуваме план за испраќање меѓународни сили во Газа
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека американските претставници спроведуваат консултации за можна резолуција на ОН или меѓународен договор со кој се овластува распоредување на меѓународни сили во Појасот Газа и дека ќе разговараат за ова прашање утре во Катар.
„Многу земји изразија интерес за учество на некое ниво – или монетарно или човечка сила или и двете – и ќе им треба тоа (резолуција на ОН или меѓународен договор) бидејќи нивните национални закони го бараат тоа“, им рече Рубио на новинарите во авион на пат помеѓу Израел и Катар.
„Имаме цел тим што работи на план за тоа.“
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака арапските држави да придонесат со средства и човечка сила во мултинационална сила што ќе го одржува мирот во Појасот Газа. Израел се спротивставува на учеството на турските сили.
Свет
Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек
Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските разговори меѓу САД и Кина.
Кинеските економски претставници се состануваат со американскиот секретар за финансии Скот Бесант и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир на маргините од самитот на Здружението на земјите од Југоисточна Азија за деескалација на трговската војна.
Двете најголеми економии во светот се обидуваат да избегнат ескалација на трговската војна откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови 100 проценти царини за кинески стоки и други трговски ограничувања почнувајќи од 1 ноември како одмазда за значително проширените контроли на извозот на минерали од страна на Кина.
Портпаролот на Министерството за финансии на САД им рече на новинарите во саботата дека првиот ден од разговорите бил „многу конструктивен“. Позитивен исход од разговорите би ги отстранил пречките за средба меѓу Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг.

