Свет
Николиќ ја измамил и сопругата на нотарот Стојкоски

Газдата на скопската фирма „Фиком“, Никола Николиќ, ја измамил и сопругата на нотарот Боривој Стојкоски, кој ги заверувал преддоговорите за купопродажба на станови што ги продавал. Нотарот и другите измамени граѓани најавуваат тужби против Николиќ.
СЛУЧАЈ „ФИКОМ“
Газдата на скопската фирма „Фиком“, Никола Николиќ, ја измамил и сопругата на нотарот Боривој Стојкоски, кој ги заверувал преддоговорите за купопродажба на станови што ги продавал. Нотарот и другите измамени граѓани најавуваат тужби против Николиќ.
– За измамата дознавме кога еден граѓанин дојде кај нас со договор за здружување средства, кој го склучил со Николиќ, во кој пишуваше дека му го продава истиот стан за кој склучи договор со мојата сопруга. Оттогаш постојано го барам, но не се јавува на телефон. Ако не го решиме проблемот спогодбено, ќе го тужам за измама – вели нотарот Стојкоски.
Тој беше прозван од оштетените граѓани дека заверувал купопродажни договори со кои Николиќ еден ист стан продавал два пати.
– Не станува збор за купопродажни договори. Јас заверував договори за здружување средства меѓу купувачите и продавачот за изградба на становите. Со документите што ги заверував јас како нотар, според законот, само гарантирам дека идентитетот на странките е вистински и дека имаат волја да го потпишат- вели Стојкоски.
Газдата на „Фиком“ со продажба на станови во осум згради во неколку скопски населби измамил стотина граѓани.
Со соопштение вчера се обрати Еуростандард банка, која беше прозвана дека и’ дала кредит од 1,5 милион евра на „Фиком“ земајќи како гаранција имот на починато лице. Во соопштението се вели дека банката законски и’ го доделила кредитот на фирмата „Фиком“ врз основа на нотарски акт за хипотека врз недвижен имот и дека немала сознанија за незаконските дејства на фирмата.
(Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија без оглед на, како што изјави, заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, Сијарто на прес-конференцијата рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, и унгарската нација“, пренесува МТИ.
„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.
Регион
(Видео) Голем пожар во Грција: наредена итна евакуација

Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.
Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.
Massive fire in Corinthia Greece . Villages evacuted.
Seen firefighters battle major blaze today.
115 firefighters including three commandos unit, with 25 aircraft assisting . pic.twitter.com/5X4DECwXUp— Samiran Datta (@SamiranDatta5) July 22, 2025
Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.
Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Почина Ози Озборн: легендата на хеви металот и фронтмен на групата Блек Сабат

Британската хеви метал легенда Ози Озборн, фронтмен на бендот Блек Сабат, почина на 76-годишна возраст, соопшти денес неговото семејство.
„Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше опкружен со семејство и љубов“, напишаа неговата сопруга Шерон и децата, објавија медиумите.
Пејачот, кој го доби прекарот „Принц на темнината“, страдаше од Паркинсонова болест неколку години.
Озборн, чие вистинско име беше Џон Мајкл Осборн, беше вокалист на хеви метал бендот „Блек Сабат“ по заминувањето на големиот Рони Џејмс Дио, тогаш популарен соло музичар.
Од 2002 година, тој е ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“, кое прикажува секојдневни сцени од животот на неговото семејство.
Фото: принтскрин