Свет
Владата сака директори – марионети во статистиката
Државниот завод за статистика е една од ретките
институции каде што директорите не можат да истераат цел мандат.
За две и пол години сменети тројца директори во
Заводот за статистика
Државниот завод за статистика е една од ретките
институции каде што директорите не можат да истераат цел мандат. За период од
две и пол години, со одлука на Владата се сменија тројца директори на Заводот –
Благица Новковска, Дончо Герасимовски и Катерина Даскалова-Костадинова. Најнов
директор од пред една недела е Апостол Симовски. Законот предвидува мандат од
четири години, па дури и два, ама директорите летаат во Сатистика додека
трепнеш. Зошто власта е толку чуствителна на оваа исклучително значајна
установа. Ниту еден надлежен во Заводот нема никакво влијание врз одлуката на
Владата, така што јавноста оправдано цени дека сите директори на Заводот се
местат според партиска припадност и послушност. Така, Новковска, сопруга на
поранешниот министер за образование Ненад Новковски, од времето на владата на
ВМРО-ДПМНЕ, беше разрешена шест месеци по доаѓањето на СДСМ на власт, а се
задржа на функцијата една и пол година. Таа дојде на местото на Светлана
Антоновска, кадар на ДА
Државниот завод за
статистика е една од ретките институции каде што директорите не можат да
истераат цел мандат. За период од две и пол години, со одлука на Владата се
сменија тројца директори на Заводот – Благица Новковска, Дончо Герасимовски и
Катерина Даскалова-Костадинова. Најнов директор од пред една недела е Апостол
Симовски. Законот предвидува мандат од четири години, па дури и два, ама
директорите летаат во Сатистика додека трепнеш. Зошто власта е толку
чуствителна на оваа исклучително значајна установа.
Ниту еден надлежен во Заводот нема никакво влијание врз одлуката на Владата,
така што јавноста оправдано цени дека сите директори на Заводот се местат
според партиска припадност и послушност. Така, Новковска, сопруга на
поранешниот министер за образование Ненад Новковски, од времето на владата на
ВМРО-ДПМНЕ, беше разрешена шест месеци по доаѓањето на СДСМ на власт, а се
задржа на функцијата една и пол година. Таа дојде на местото на Светлана
Антоновска, кадар на ДА. На местото на Новковска дојде Герасимовски, како кадар
на СДСМ, а по неговото разрешување во јуни 2004 година, на местото директор е
ставена Катерина Даскалова-Костадинова, симпатизер на СДСМ, за која се зборува
дека е назначена на функцијата по препорака на нејзиниот подалечен роднина Хари
Костов, кој тогаш беше премиер.
Без оглед на фактот за блискоста или симпатијата кон одредена партија, сите
овие директори се луге вработенииnbsp; воиnbsp; Заводот и се потврдени
стручњаци во одредени области. Тоа очигледно нема приоритетна важност за
власта, што се докажа во практиката. Како што велат познавачите на состојбите
во Заводот, многу е битно на директорското место да стои стручно лице кое, пред
сў, знае организациски да ги постави работите. Но, и во такви случаи, а и кога
работите се одвиваат беспрекорно во Заводот, на Владата може да Ј текне да го
смени првиот човек. А зад официјалното објаснување дека станува збор за
„незадоволителни резултати во работењето" секогаш стои главната причина –
„лошите статистички бројки" кои се, всушност одраз на реалната економска
ситуација во државата.
Во времето на директорувањето на Герасимовски се открија многу грешки во
пресметаните статистички податоци кои тој, сакајќи да ги поправи, обелодени
огромен пад на индустриското производство од 45 отсто. Како што се зборуваше
неофицијално, затоа што потоа не сакал да се демантира и да ги фризира бројките
по налог на Владата, таа експресно го разреши, без никакво објаснување и дури
без знаење на тогашниот претседател на Кадровската комисија, Радмила
Шекеринска. Тоа се случи неколку месеци по пописот, кој беше оценет како
успешен од страна на домашната и на странската експертска јавност.
Токму во времето на пописните подготовки беше претходно разрешена и Благица
Новковска. Владата, наводно, не била задоволна поради пречекорувањето на
роковите на обврските околу пописните подготовки, на што Ј било укажано неколку
месеци порано. Таа никогаш не излезе во јавноста со каков било коментар за
својата смена, и веднаш потоа го напушти Заводот.
Во Заводот има многу негативни мислења околу стручните, директорските и
реформските способности на Костадинова, но се зборува, сепак, дека последните
прикажани бројки за сиромаштијата и за потрошувачката кошничка не Ј биле баш по
волја на Владата, плус остри критики претрпевме и од Светска банка. Таа доби
црвен картон, иако статистичките експерти тврдат дека по налог на Владата, во
изминативе месеци имало големо фризирање и грешки во бројките за индустриското
производство, за градежништвото и за туризмот. Некогаш и се претерува со
дотерувањето на бројките, така што пред две години во септември беше прикажан
индекс на производство на вино од 153, што е ненормално висока бројка, а во
септември уште не е завршена ниту бербата.
Како и да е, според експертите, и покрај среќната околност што, сепак, се бираат
лица од Заводот, честата смена на директорите не е добра за работењето и
функционирањето на Заводот во целина, бидејќи секоја смена предизвикува застој
во работењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Англичанец обвинет дека 13 години ја дрогирал сопругата и носел мажи да ја силуваат
Сопруг и пет други мажи се обвинети за серија сериозни сексуални злосторства против неговата поранешна сопруга, кои наводно се случиле во долг период од 13 години во западна Англија. Жртвата, 48-годишната Џоан Јанг, се откажала од правото на анонимност, објавува Би-Би-Си.
Нејзиниот поранешен сопруг, 49-годишниот Филип Јанг, кој претходно живеел во Свиндон, а сега во Енфилд, се соочува со 56 обвиненија. Тие вклучуваат силување, давање супстанца со намера за поттикнување сексуална активност, воајеризам и поседување непристојни слики од деца и екстремен материјал.
Случајот потсетува на оној на Жизел Пеликот, која била дрогирана и силувана од нејзиниот тогашен сопруг девет години, поканувајќи десетици мажи во нивниот заеднички дом во Прованса за да ја силуваат.
Сите шест мажи во „случајот Пеликот“ во Англија треба да се појават пред Судот за прекршоци во Свиндон во вторник. Јанг беше притворен, додека другите петмина беа ослободени со кауција. Норман Максони (47) од Шарнбрук, опишан од полицијата како британски државјанин и црнец, е обвинет за силување и поседување екстремни слики.
Обемна истрага
Дин Хамилтон (47), без фиксна адреса, опишан како британски државјанин, белец, е обвинет за силување, сексуален напад и две обвиненија за сексуално допирање. Конер Сандерсон Дојл (31) од Свиндон, опишан како британски државјанин, белец, е обвинет за сексуален напад и сексуално допирање.
Ричард Вилкинс (61) од Свиндон, опишан од полицијата како Британец, белец, е обвинет за силување и сексуален напад. Мохамед Хасан (37) од Свиндон, опишан од полицијата како британски Азиец, е обвинет за сексуално допирање.
Главниот детектив инспектор Џеф Смит од полицијата во Вилтшир го опиша покренувањето обвиненија како значаен чекор во она што тој го нарече „сложена и сеопфатна“ истрага. Тој, исто така, потврди дека г-ѓа Јанг е поддржана од специјално обучени полицајци.
Фото: депозитфотос
Свет
Автомобил се заби во толпа луѓе на божиќна парада во Холандија
Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку десет лица, пренесуваат локални медиуми.
Во таа прилика, најмалку три лица беа тешко повредени.
Холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека полицијата во моментов не е во можност да утврди дали несреќата е намерно предизвикана.
Група луѓе кои беа удрени од автомобил чекаа да помине парадата.
Три хеликоптери за брза помош беа испратени во Нунспет.
Во понеделникот вечерта, низ овој град требаше да помине парада, настан што се одржува секоја година во оваа област, но беше откажан по несреќата.
Фото: депозитфотос
Регион
Вучиќ: Следната година е многу важна, ќе ја одреди судбината на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени 2026 година како исклучително важна година поради изборите што ќе „ја одредат судбината на Србија“ и големите инвестиции планирани како дел од подготовките за изложбата ЕКСПО 2027, пишува „n1info.rs“.
Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според постапките“ кога гласаат и ќе дадат поддршка на Српската напредна партија.
„Донесете ја одлуката со ладна глава и рационално. Погледнете што е направено, разгледајте ги плановите, програмите и луѓето кои се способни да спроведат нешто или не се способни“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека за него е важно што знае колку народот дал за да ја спаси земјата.
„Знам колку разбравте дека вашата земја е загрозена и колку сакавте да помогнете, и затоа сум ви бескрајно благодарен. Благодарение на вас и вашата сила, успеавме да се бориме, успеавме да ја одбраниме и зачуваме Србија и сега само гледаме како Србија може да продолжи напред. Ви благодарам за вашата поддршка“, рече тој.
Фото: депозитфотос

