Свет
Маневски не сака странец за обвинител

Министерот за правда Михајло Маневски вчера не ја поддржа експлицитно идејата на премиерот Никола Груевски да донесе странец за јавен обвинител за поефикасна борба против корупцијата Министерот за правда Михајло Маневски нема јасен став за идејата на премиерот Никола Груевски да донесе странец за јавен обвинител во Македонија.
РАЗИДУВАЊЕ ВО НОВАТА ВЛАДА
Министерот за правда Михајло Маневски вчера не ја поддржа експлицитно идејата на премиерот Никола Груевски да донесе странец за јавен обвинител за поефикасна борба против корупцијата Министерот за правда Михајло Маневски нема јасен став за идејата на премиерот Никола Груевски да донесе странец за јавен обвинител во Македонија.
Министерот Маневски вели дека неговиот став ќе го каже тогаш кога ќе биде готов законот за Јавното обвинителство и законот за Советот на обвинители. Тој се крие зад уставните амандмани 24 и 30, кои не ја исклучуваат можноста да имаме јавен обвинител странец.
За него побитно е Владата да обезбеди ефикасност на функцијата на обвинителот, отколку кој ќе застане на чело на Обвинителството. "Решенијата ќе се уредат со закон", вели тој.
Признава дека владејачката коалиција има одредени програмски определби, но дека при донесување на решението треба да се слушаат и експертските мислења. "Ниту обвинителството, ниту судството не можат да бидат надвор од овие процеси. Секоја помош ќе биде драгоцена, која ќе може да даде придонес", рече Маневски.
Премиерот Никола Груевски во експозето при изборот на Владата експлицитно ја најави можноста да се именува јавен обвинител странец за поефикасна борба против корупцијата.
За министерот Маневски останува оценката на јавноста дека Јавното обвинителство не работи добро. "Гонењето на организираниот криминал и корупцијата, очигледно е дека се одвива многу бавно и на несоодветен начин. За жал, тие немаат завршница", вели тој.
Министерот Маневски и претседателот на Врховниот суд Дане Илиев вчера се договорија да соработуваат во процесот на имплементација на реформите во судството. Во наредните 30 дена треба да се комплетира новиот Судски совет, кој од почетокот на идната година ќе ги именува и разрешува судиите. Во Советот членуваат 15 члена, од кои 8 ќе бидат судии, 3 ги избира Собранието, а двајца ги делегира претседателот на државата. Министерот за правда и претседателот на Врховниот суд во Судскиот совет влегуваат по функција.
Маневски смета дека конституирањето на Судскиот совет нема да се блокира ако ДУИ реши да го бојкотира процесот. "Системот мора да функционира зашто Советот може да работи ако се избрани повеќе од половина од членовите", рече тој. Н.С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија без оглед на, како што изјави, заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, Сијарто на прес-конференцијата рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, и унгарската нација“, пренесува МТИ.
„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.
Регион
(Видео) Голем пожар во Грција: наредена итна евакуација

Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.
Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.
Massive fire in Corinthia Greece . Villages evacuted.
Seen firefighters battle major blaze today.
115 firefighters including three commandos unit, with 25 aircraft assisting . pic.twitter.com/5X4DECwXUp— Samiran Datta (@SamiranDatta5) July 22, 2025
Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.
Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Почина Ози Озборн: легендата на хеви металот и фронтмен на групата Блек Сабат

Британската хеви метал легенда Ози Озборн, фронтмен на бендот Блек Сабат, почина на 76-годишна возраст, соопшти денес неговото семејство.
„Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше опкружен со семејство и љубов“, напишаа неговата сопруга Шерон и децата, објавија медиумите.
Пејачот, кој го доби прекарот „Принц на темнината“, страдаше од Паркинсонова болест неколку години.
Озборн, чие вистинско име беше Џон Мајкл Осборн, беше вокалист на хеви метал бендот „Блек Сабат“ по заминувањето на големиот Рони Џејмс Дио, тогаш популарен соло музичар.
Од 2002 година, тој е ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“, кое прикажува секојдневни сцени од животот на неговото семејство.
Фото: принтскрин