Свет
Хамас и натаму поставува услови за влез на помошта во Газа
Палестинската организација нема да дозволи влез на продуктите кои Израел ги заплени од хуманитарниот конвој кој се обиде да ја мине тригодишната поморска блокада на појасот Газа, се додека не бидат исполнети одредени услови
Ахмед ал-Курд, министер за социјални прашања во владата на Хамас кој ја има управата во Газа, изјавил дека Израел мора да ги ослободи сите активисти од бродовите и потоа да ја достави запленетата помош, и тоа не само дел туку целата. Тој ја обвинил израелската држава дека ги задржал батериите за инвалидските колички и тони цемент. Според Тал Авив, градежните материјали се едни од работите што не смеат да се внесат во палестинските енклави во Газа. Но, ал-Курд вели дека бидејќи Турција го органзирала конвојот со хуманитарна помош, таа треба да реши дали продууктите ќе влезат во Газа. лот Претходно, претставникот на израелските власти, Ги Инбар изјавил дека осум камиони натоварени со продуктите од бродовите се наоѓаат на преминот Карем Шалом и дека чекаат за влез во појасот Газа. Инбар го демантирал тврдењето на ал-Курд дека Израел запленил некои од стоките на бродовите, пренесува AFP.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин е политичар на 2024 година според Русите, покажува анкета
Рускиот претседател Владимир Путин е, според руските граѓани, политичарот со највисок рејтинг во 2024 година во Русија, покажа истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВТСИОМ).
„Половина од руските граѓани (50 проценти) го избраа Владимир Путин за нивен политичар во 2024 година. Рускиот претседател постојано го зазема првото место на ова рангирање од почетокот на мерењата во 2006 година – во декемвриските анкети, тој беше споменуван во просек од половина од Руси“, велат истражувачите, пренесува „Известија“.
Второто место му припадна на рускиот премиер Михаил Мишустин (18 отсто), а третото на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров (14 отсто).
Свет
Актерот Били Кристал го загуби домот во пожар: Секоја педа од нашата куќа беше исполнета со љубов
Пожари го зафатија Лос Анџелес, а многумина ги загубија своите домови, меѓу кои и холивудските актери. Еден од нив е 76-годишниот актер Били Кристал, чиј дом вреден повеќе од 9 милиони долари, во кој живее од 1979 година, го зафати пожар.
Кристал и неговата сопруга Џенис потврдија за Си-Ен-Ен дека останале без покрив над главата во Пацифик Палисадес, елитен дел од Лос Анџелес кој се запали. Актерот и неговата сопруга живееле во куќата 46 години, а во изјавата го изразуваат своето жалење за загубата на нивниот дом, но и загриженоста за пожарот кој уништува се што ќе му се најде на патот.
„Нашите срца се скршени“
“Зборовите не можат да го опишат огромниот пустош на кој сме сведоци и кои го доживуваме. Жалиме со нашите пријатели и соседи кои исто така ги загубија своите домови и бизниси во оваа трагедија. Џенис и јас живееме во нашиот дом од 1979 година. Ги одгледавме нашите деца и внуците овде:
„Секоја педа од нашата куќа беше исполнета со љубов. Нашите срца се скршени, се разбира, но со љубовта на нашите деца и пријатели ќе поминеме преку ова. Се молиме за безбедноста на пожарникарите и одговорните за итни случаи. Пацифик Палисадес е отпорна заедница на неверојатни луѓе и знаеме дека со текот на времето повторно ќе се издигне тоа е нашиот дом“, рече тој.
Неговиот дом се простира на 6.793 квадратни метри, имаше четири спални соби и шест бањи, а вредноста на куќата беше проценета на 9,19 милиони долари.
Свет
Трамп сподели видео во кое жестоко се критикува Нетанјаху
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, сподели видео на својата социјална мрежа „Трут соушл“ во кое професорот од Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс, ја критикува политиката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Блискиот Исток.
Во видео споделено од Трамп, Сакс ја нуди својата проценка за причините за инвазијата на Ирак во 2003 година.
„Од каде дојде оваа војна? Дали знаете? Тоа е прилично изненадувачки. Оваа војна всушност започна со Нетанјаху“, вели Сакс.
Сакс во видеото го осудува Нетанјаху за вовлекување на САД во бескрајни странски војни.
Тој го обвини Нетанјаху дека влијаел на американската надворешна политика.
„Нетанјаху веруваше од 1995 година дека единствениот начин да се ослободиме од Хамас и Хезболах е да ги собориме владите како оние во Ирак, Сирија и Иран кои ги поддржуваат. Тој не вовлече во бескрајни војни и благодарение на неговото влијание врз американската политика , отсекогаш го постигнувал она што госакал. Но војната од 2003 година беше целосно лажна“, рече Сакс.
Сакс го критикуваше Нетанјаху велејќи дека тој е „опседнат човек кој сè уште се обидува да не вовлече во војна со Иран“, и го нарече „кучкин син“.
Објавата на Трамп дополнително ги разгори дискусиите за нова ера во американско-израелските односи. Иако Трамп е поддржувач на Израел, не е тајна дека тој и Нетанјаху не се во особено добри односи и дека Трамп не се согласуваше со радикалните потези на Нетанјаху ниту за време на неговиот прв мандат.