Спорт
Елена Исимбаева се враќа на спортската сцена

Златната олимпијка и светска рекордерка во скок со стап, Русинката Елена Исимбаева (28) својот одмор од натпреварите ќе го заврши во февруари.
Златната олимпијка и светска рекордерка во скок со стап, Русинката Елена Исимбаева (28) својот одмор од натпреварите ќе го заврши во февруари.Исимбаева по година дена пауза ќе се врати на Пол Волт Старс во Доњецк кој го промовира нејзиниот идол легендарниот скокач Сергеј Бубка.
„Знам дека ќе стартувам во февруари во Доњецк, потоа следува Европското првенство, па ќе одлучам што понатаму. Најважната цел ми остануваат лондонските Олимписки игри 2012, а потоа Светското првенство во Москва. Ми здодеа одморот и нормалниот начин на живот.Додека се натпреварував се будев секое утро и знаев каков распоред ме очекува. Тренинг, одмор, храна. Овие месеци се будев со прашањето, што ќе правам денес. Мислев дека ќе пропуштам нормален живот на една жена, но сфаќам дека животот што го имав бил повозбудлив. “ изјавила руската спортистка Исимбаева која не се натпреварува од април, откако на Светските првенства во Берлин и Доха не успеа да освои медали. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин