Свет
Таен израелско-палестински состанок

Претседателот на Палестинската национална администрација минатата седмица се сретнал со израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак, соопштија денеска палестински извори за Reuters.
Претседателот на Палестинската национална администрација минатата седмица се сретнал со израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак, соопштија денеска палестински извори за Reuters.Како што потсетува агенцијата, ова е првиот признаен пред јавноста состанок со функционер од владата на Израел во последната година, од страна на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Абас на членовите на Револуционерниот совет на Фатах им рекол дека првиот човек на израелската одбрана Ехуд Барак, барал да се состанат во Јордан, за да разговараат за можноста за продолжување на преговорите кои пропаднаа пред една година, поради ширењето на еврејските населби на палестинските територии што ги контролира Израел. „На состанокот не беше постигнат никаков напредок“, изјави функционерот на Фатах за Reuters. Израелското министерство за одбрана, пак, немало коментар за споменатиот состанок меѓу Барак и Абас.Палестинскиот лидер Абас, откако мировните преговори со Тел Авив западнаа во криза и беа прекинати, ја објави намерата на 20-ти септември кога ќе се одржува Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк да побара признавање на државата Палестина.Во неделата раководството на Палестинската национална автономија (ПНА) потврди дека ќе поднесе барање до Советот за безбедност на ОН да ја признае државата Палестина и да стане членка на таа организација. Според оветникот на претседателот на ПНА, Саиб Орејикат овој чекор е преземен бидејќи „не е возможно да се добие полноправно членство во оваа организација (ОН) без негова (на Советот за безбедност) согласност.“ Меѓутоа, вчера Орејикат кој ги предводи преговорите во Палестинската ослободителна организација (ПЛО), ги негираше информациите во медиумите за постоење на американската иницијатива за продолжување на директни преговори меѓу Палестинците и Израел. Во март годинава, палестинскиот лидер Махмуд Абас, прво најави дека во септември ќе се обрати пред ОН со барање за признавање на независна палестинска држава во границите од 1967 година – во Западниот брег и појасот Газа со нејзин главен град во Источен Ерусалим. Оваа изјава предизвика остра реакција на Израел, САД и неколку западни земји, за кои тоа претставува едностран чекор и повикаа на продолжување на мировните преговори со Израел, прекинати во септември 2010 година поради нерешавањето на прашањето за подигањето на израелските населби на окупираните палестински територии. Израел одбива да се врати во границите од 1967 година, ја одбива поделбата на Ерусалим кој го прогласи за своја „вечна и неделива престолнина/крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.