Свет
Големо невреме повторно и се заканува на Австралија
Циклонот Јаси, најавен како најголемо невреме во историјата на Австралија, веќе се приближува до брегот на австралиски Квинсленд.
На удар е подрачје населено со 400.000 луѓе, вклучувајќи ги и градовите Каирнс, Таунсвил и Макеј.
Сателитските снимки покажуваат како циклонот Јаси покриваат подрачје поголемо од Италија или Нов Зеланд, а премина во петта категорија на бура, што претставува максимум, јави агенцијата Ројтерс.
Се очекуваат ветришта со брзина од 300 километри на час, а австралиските власти предупредуваат дека најголема закана се поплавите, кои може да достигнат висина и до четири метри.
Илјадници граѓани на Австралија останаа без дом во катастрофалните поплави што неодамна ја погодија земјата. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на забраната за Русија од меѓународните фудбалски натпреварувања. ФИФА ја суспендираше Русија од сите нејзини натпреварувања во 2022 година, по почетокот на целосната инвазија на Украина.
Инфантино изјави за британскиот „Скај спортс“ дека ФИФА треба да ја укине забраната за Русија, особено во помладите возрасни категории.
„Мораме. Апсолутно. Оваа забрана не постигна ништо, само создаде поголема фрустрација и омраза“, рече Инфантино.
„Дозволувањето на момчињата и девојчињата од Русија да играат фудбал во други делови од Европа би можело да помогне. Ова е нешто што мора да го направиме, апсолутно, барем во помладите категории.“
Во одговор на социјалните медиуми, Сибиха го отфрли таквото размислување, потсетувајќи се на стотиците млади Украинци кои ги загубија животите во агресивната војна на Русија.
679 Ukrainian girls and boys will never be able to play football — Russia killed them.
And it keeps killing more while moral degenerates suggest lifting bans, despite Russia’s failure to end its war.
Future generations will view this as a shame reminiscent of the 1936 Olympics. pic.twitter.com/elakyRgeIZ
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 2, 2026
„Шестотини седумдесет и девет украински девојчиња и момчиња никогаш нема да можат да играат фудбал – Русија ги уби“, напиша тој на Икс. „И продолжува да убива, додека моралните дегенерици предлагаат укинување на забраната иако Русија не ја запира својата војна. Идните генерации ќе го сметаат ова за срам што потсетува на Олимписките игри во 1936 година.“
Овие Игри беа запаметени како голем историски срам бидејќи беа користени како глобална пропагандна сцена од страна на режимот на Адолф Хитлер – додека бруталната репресија, прогонот на Евреите и подготовките за војна веќе беа во тек во позадина, меѓународната спортска заедница одлучи да „замижи“ и да го нормализира учеството на Германија.
Свет
Клинтонови сепак ќе сведочат за Епстин
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, изјави вчера официјален претставник.
Одлуката би можела да го спречи планираното гласање во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, за двајцата истакнати демократи да бидат прогласени за виновни за непочитување на Конгресот, што потенцијално би довело до кривични обвиненија.
Министерството за правда на САД неодамна објави милиони интерни документи поврзани со Епстин, откривајќи ги неговите врски со многу истакнати личности во политиката, финансиите, академијата и бизнисот, и пред и откако се изјасни за виновен по обвиненијата за проституција во 2008 година.
На прашањето дали Претставничкиот дом ќе го одложи гласањето за случајот на Клинтонови за непочитување на Конгресот, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, за Ројтерс изјави дека „тоа е во тек“. „Адвокатите работат на деталите“, рече тој.
Џонсон претходно ја поздрави веста дека поранешниот претседател и државен секретар се согласиле да сведочат. Комитетот за надзор на Претставничкиот дом минатата недела препорача Клинтонови да бидат прогласени за виновни за непочитување на Конгресот поради одбивањето да сведочат за нивниот однос со Епстин.
Клинтонови понудија соработка со комитетот, но одбија да се појават лично, тврдејќи дека истрагата е партиска и има за цел да го заштити републиканскиот претседател Доналд Трамп.
„Ви кажаа што знаеја под заклетва, но тоа вас не ве интересира. Но, поранешниот претседател и поранешниот државен секретар ќе бидат таму. Тие со нетрпение очекуваат да постават преседан што ќе важи за сите“, рече заменик-шефот на кабинетот на Клинтон, Ангел Урена, на социјалните мрежи.
Бил Клинтон леташе со авионот на Епстин неколку пати на почетокот на 2000-тите откако ја напушти функцијата. Тој изрази жалење за врската и рече дека не знае ништо за криминалните активности на Епстин. Републиканскиот претставник Џејмс Комер, претседател на Надзорниот комитет, вчера изјави дека Клинтонови сè уште не закажале датум за нивното сведочење.
„Адвокатите на Клинтонови рекоа дека се согласуваат со условите, но сè уште не се доволно конкретни, а датумите за сведочењето не се дадени. Ќе ги разјаснам условите за кои се согласуваат, а потоа ќе разговарам за следните чекори со членовите на комисијата“, рече Комер.
Европа
(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот
Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за штети на станбени згради и други објекти.
Службениците, исто така, објавија дека руските воздушни напади се случиле во други украински региони, вклучувајќи го и Харков, вториот по големина град во земјата, каде што регионалниот гувернер рече дека две лица се повредени. Во Киев, сведоци на Ројтерс слушнале силни експлозии по полноќ и рекле дека биле користени и ракети и дронови.
Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на градот, изјави на Телеграм дека неколку станбени згради, образовна институција и деловна зграда се оштетени во областите источно од реката Днепар.
Little after midnight, the russian degenerates massively attacked Kyiv (several other cities as well 😡)! It is reported that there are civilian casualties and that residential buildings were hit! 😡! @IntlCrimCourt #RussiaIsANaziState pic.twitter.com/5TKrk0GoTW
— Clown (@DanaSLJL) February 3, 2026
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека зграда на градинка се запалила, а нестанбена зграда е погодена во источните делови на градот.
Воздушниот напад останал на сила повеќе од два часа откако бил прогласен. Видеата објавени на социјалните медиуми покажуваат стан на горните катови од станбена зграда во Киев во пламен.
Russians attacked a residential building in Kyiv.
Video by Dobrosonov for Telegraf. pic.twitter.com/tLjKy6HLYa
— Oriannalyla 🇺🇦 (@Lyla_lilas) February 3, 2026
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, пријави серија напади со дронови и ракети. Јавниот сервис „Суспилне“ објави серија експлозии во југоисточниот град Днепар и во Суми, во близина на руската граница.

