Македонија
Јанкулоска:Калето е затворено од безбедносни причини
Калето веќе три недели е затворено за посетителите и пошироката јавност поради безбедносни причини.
Калето веќе три недели е затворено за посетителите и пошироката јавност поради безбедносни причини.
Ова денеска го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, прецизирајќи дека забраната била воведена поради немирите што беа најавувани на социјалните мрежи, а претставувале сериозна закана за нарушување на јавниот ред и мир.
„Наша одлука е одреден период да има ограничено движење на Калето заради безбедносна проценка и според која сметаме дека до целосно расветлување на случајот Калето да остане затворено“, рече Јанкулоска. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потребата од нов Закон за помилување на маса на средбата помеѓу Давкова и Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која стана збор за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
Како што соопштија од кабинетот на Давкова, на средбата беа разменети и аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.
Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призмата на правото и правдата.
Македонија
Деспотовски остана без пасош
Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски.
Тој има обврска повремено да се јавува во судот.
Обвинителството претходно соопшти дека против Деспотовски се води претходна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, но официјално, се’ уште нема детали што опфаќа постапката, додека според некои информации во јавноста, истата, се однесува на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.
Деспотовски претходно ги демантираше тврдењата објавени во дел од медиумите дека бил приведен по налог на Управата за финансиска полиција. Наведе дека ги презема сите потребни правни чекори за заштита на неговата чест и углед, а неговата достапност за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина.
Македонија
Обвинителството побара одземање на пасошот на Деспотовски, се води постапка за злоупотреба на службената положба
Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.