Македонија
Пратениците расправаат за решавање на 300 стечајни постапки
Во рамки на 80-та седница пред пратениците во Собранието на дневен ред се најдоа 300 стечајни постапки од минатото кои со предложеното законско решение треба да бидат решени за помалку од една година, а ги опфаќа сите стечајни постапка од 1989 до 2011 година со цел да се стави крај на оние кои траат по 15 до 20 години.
Предлог законот предвидува заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај, за вонсудско спогодување, во прво читање.
Претходно Собранието на Република Македонија ги прифати измените на Законот за вино во скратена постапка, со кои се олеснува документациската постапка за ставање на виното во промет.
Опозицијата ги прифати предлог измените, бидејќи како што рекоа, тие биле насочени кон подобрување на работата на винариите во земјава. Според нив, измените ќе придонесат и за подобро уредување на оносите меѓу лозарите и винариите.
По однос на случаите во кои на дел од лозарите кои го предале своето грозје во винарската визба „Винеа“ сé уште не им се исплатени парите, министерот за земјоделство Љупчо Димовски истакна дека станува збор за мал број лозари на кои парите не им се исплатени од технички причини.
„Мислам дека околу 180 лозари, можеби и помалку, се предмет на неисплатени обврски од ‘Винеа’. Другото грозје во целост е исплатено“, нагласи Димовски.
Во претпладневниот дел од седницата во прво читање беа прифатени и дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните, Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини и Законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата.
Измените на Законот за радиодифузна дејност по барање на Владата беа повлечени./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две обуки за инклузивен и училишен спорт се одржаа денеска во Кисела Вода
Денеска во Општина Кисела Вода се одржаа две значајни обуки насочени кон развој на инклузивниот и училишниот спорт на локално ниво.
Првата обука, во рамки на проектот „Движење за сите: Како да создадеме инклузивна настава во училиштата“, беше наменета за наставниците по физичко образование од основните училишта. Наставниците преку соработката со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје добија практични и теоретски насоки за работа со деца со попреченост и унапредување на инклузивната настава. На настанот присуствуваа проф. д-р Влатко Неделковски, декан на факултетот, заедно со проф. д-р Андријана Зафировска Мисовски, продекан, и проф. д-р Јасмина Трошанска како стручен обучувач.
Втората обука, „Обука за спортска администрација и развој на спортот на локално ниво“, се одржа во соработка со Македонскиот олимписки комитет (МОК). Настанот го отвори градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, а на обуката присуствуваа и претседателот на МОК, Даниел Димески, и д-р Сашо Поповски, раководител на Сектор за меѓународна соработка и комуникации. На дебатата се разговараше за развој на училишниот спорт, улогата на наставниците и локалната самоуправа, како и за идни проекти заедно со МОК.
-Денес, преку овие две обуки, ја потврдуваме нашата заложба за инклузивен и квалитетен спорт за сите деца. Наставниците се опремуваат со знаења и практични вештини за работа со деца со попреченост преку соработката со факултетот, а преку соработката со Македонскиот олимписки комитет го јакнеме училишниот спорт и развојот на локалниот спорт. Во април повторно ќе се одбележи Светскиот ден на олимпизмот, а сите училишта ќе добијат спортска опрема како донација. Ова се инвестиции во здрави, активни и еднакви можности за секое дете- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува. Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори. Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија. Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро“, се наведува во реакцијата.
Македонија
Тренчевска: Разрешувањето на Муртезани не е реформа, туку политичка шминка
Разрешувањето на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не е реформа. Тоа е политичка шминка. Обид да се создаде впечаток дека нешто се менува, додека суштински, ништо не се менува.Проблемот е во владата како целина, во нејзината неспособност, недостиг на визија и бегање од одговорност, се менува Муртезани ама изолацијата од ЕУ останува, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница.
Таа нагласи дека додека Муртезани се жртвува за јавноста, неспособните министри остануваат на своите функции и продолжуваат да ја губат довербата на граѓаните.
„Ова е класичен пример на политички театар: една жртва за да се сочува системот на неуспех. Дека за неуспехот на патот кон европските интеграции е виновен еден човек, а не Владата која нема капацитет да спроведе реформи, нема храброст да преземе одговорност, нема контрола врз институциите, нема резултати во економијата, здравството, образованието, социјалната заштита, во подобрувањето на животниот стандард на граѓаните“, објасни Тренчевска.
Потпретседателката на СДСМ појасни дека причината за застојот во европските интеграции не е личноста на Муртезани, туку недоволниот капацитет и резултати на Владата како целина и немањето желба за реформи и продолжување на европскиот пат.
„Исто е кој е министер, нема никаква разлика. Шемата е криминални тендери за профити. Без ралзика кој е министер. Овие решенија се само извршители“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.

