Свет
Унгарскиот премиер ја проблематизираше легитимноста на ЕК

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и’ забележа на Европската комисија за недостиг од „декомратска легитимност“ во интервјуто за неделното издание на германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и’ забележа на Европската комисија за недостиг од „декомратска легитимност“ во интервјуто за неделното издание на германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.„Мене ме избра, унгарската влада ја избраа, Европскиот парламент, исто така, го избира. Но кој ја избра Европската комисија? Каде е нејзината демократска легитимност?“, прашува во интервјуто премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Односите меѓу Унгарија и Европската комисија се напнати откако комисијата минатата седмица предложи блокирање на помошта за да сенкционира преголемиот унгарски буџетски дефицит. Унгарија нема да загуби „ниту еден цент“ од своите европски кохезиски фондови, изјави во петокот унгарскиот премиер.Покрај тоа, владата на Виктор Орбан беше цел на критиките на Европската унија поради законот за реформи на централната банка и правосудството, со коишто според ЕУ се задира во независноста на овиее институции.Орбан ја обвини „меѓународната левица“ дека спроведува офанзива против неговата влада. Поради големиот пад на левицата во Унгарија, Орбан тврди дека левата интернационала сега го напаѓа „однадвор, и тоа не само од Европа, туку и од Америка“.Покрај тоа, унгарскиот премиер им забележува на европските челници дека ја загубиле „вербата“ во она што некогаш беше „величината“ на Европа.„Не сакаме да одиме на сила, бидејќи Европа е место на христијанската култура“, вели Орбан нарекувајќи ги Германците „носители на надежите“ во услови на должничката криза чијашто „судбина“ е да ја предводат Европа. Весникот пишува и дека Орбан рекол дека е подготвен повторно да преговара со Брисел за прилагодување на унгарските закони./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.
Свет
(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на Унгарија, Будимпешта, на Парадата на гордоста.
Странските медиуми пренесуваат дека организаторите очекуваат рекордна посетеност за 30. издание на Парадата на гордоста во Будимпешта, и покрај полициската забрана која ја наметна националистичката Влада на премиерот Виктор Орбан.
Thousands of people are marching for pride in Budapest. A 200 pp @Amnesty delegation is here from around Europe. Against repression we stand and rise. We resist. This is trans-national civil disobedience. #BudapestPride pic.twitter.com/8qSYr1K0rC
— Agnes Callamard (@AgnesCallamard) June 28, 2025
Владината коалиција на Орбан годинава ги смени законите и уставот за да забрани годишно прославување, оправдувајќи го долготрајното потиснување на ЛГБТ-правата со повикување на “заштита на децата”. Орбан вчера изјави дека полицијата нема да ја разбие поворката, но дека оние кои учествуваат треба да бидат свесни за “правните последици“.
Организаторите на поворката ризикуваат да добијат до една година затвор, а учесниците можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Со последните законски измени, на власта и е дозволено да користи и технологија за препознавање лица.
Регион
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.