Македонија
Случај „Ариел“: Неписмени Македонци од Пустец потпишувале лажни фактури
Судскиот случај „Ариел”, во кој на 23 обвинети им се суди за перње пари со лажни фактури заврши со првата фаза односно сослушување на обвинетите.
Судскиот случај „Ариел”, во кој на 23 обвинети им се суди за перње пари со лажни фактури заврши со првата фаза односно сослушување на обвинетите. Во вторникот пред судот последни зборуваа двајца Македонци. жители на Пустец, Албанија. Обвинетите кои се во притвор работеле како градежни работници во Ресен. Според нивното сведочење, еден од обвинетите ги нашол во Ресен и им ветил убава работа во Скопје. Биле донесени во главниот град каде на нотар и во канцеларија во некоја зграда потпишале документи за, како што им било кажано, новото работно место. И двајцата потврдија дека првообвинетиот и уште двајца од обвинетите биле присутни кога се потпишувале документите. Тоа биле празни листови за кои тие не знаат што претставуваат. Судечкиот судија им даде на обвинетите да погледнат неколку фактури дали се потпишани со нивен потпис на што едниот одговори дека потписот не е негов. „Бидејки не сум писмен, не знам што потишував. Ми дадоа празни листови но и пишани хартии, ама не знам што имаше во нив”, појасни еден од обвинетите. И двајцата потврдија дека првообвинетиот кој според обвинителниот акт е организатор на шемата за перње пари преку фиктивни фактури и фирми. Учествувал во потпишувањето на документите и им го зел на еден од нив албанскиот пасош. Ниту ден од работниците воопшто не бил повикан да работи Скопје. Нивните потписи се наоѓаат на документи во кои тие фигурираат како управители на фирми преку кои повторно со нивни потписи се префрлани пари со лажни фактури. За ваквиот бизнис, обвинетите рекоа дека ништо не знаат, ниту, пак, учестувале во перење пари. Судскиот процес продолжува следната седмица кога ќе почне сослушувањето на сведоците на обвинителството. Групата беше уапсена по долго следење и примена на ПИМ мерки. Според обвинението се переле пари на тој начин што се отворале фирми на чии сметки се префрлале пари за новодни услуги и потоа парите се извлекувале од сметките на фирмите. Управителите и посредниците добивале од 1 до 8 проценти од вкупната сума./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

