Контакт

Македонија

Иванов му го честиташе реизборот на Бан Ки-мун

Објавено пред

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска упати честитка до Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун за неговиот реизбор.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска упати честитка до Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун за неговиот реизбор.„Ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам најискрени честитки за Вашиот повторен избор за генерален секретар на Обединетите нации. Во оваа убава пригода, Ви упатувам искрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција, за многу здравје и лична среќа“, се вели во пораката на Иванов.Македонскиот претседател ја искористи оваа прилика за му честита на Бан Ки-мун за неговите лични залагања и ангажмани во досегашното успешно водење на Светската организација.„Довербата која Ви е повторно дадена, како и Вашите постигнувања во претходниот мандат се предуслови за успешно натамошно раководење со ООН. Македонија високо ја цени Вашата улога во унапредувањето на угледот на организацијата, како и Вашите лични ангажмани во соочувањето со глобалните предизвици и проблеми. Сакам да Ве уверам дека во извршувањето на Вашата одговорна функција ја имате мојата целосна поддршка, како и поддршката на Република Македонија“, наведува Иванов. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела

Објавено пред

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, соопшти вечерва Град Скопје, додавајќи дека Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Од Градот велат дека на овие кривични пријави им претходи  пријава за дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, која Курто Дудуш ја прави на лично свое приватно земјиште за што сам со себе во име на општината си склучил договор, а за што е фатен и за истото е изречена глоба и веќе е покрената пријава за соодветна одговорност.

„Јавноста треба да знае дека Комунална Хигиена Скопје редовно ги завршува своите активности во општина Шуто Оризари, а за она што е надлежност на градоначалникот Курто Дудуш, и контејнерите кои сам ги поставува на територијата на општината друг не може да биде одговорен. До овој момент против градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креирање на диви депонии, загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Понатаму се додава: Хаосот на Дудуш во Шуто Оризари настанат поради неговата неспособност и лукративни интереси, ќе го средиме за да се спречи загрозувањето на здравјето на жителите од општината, а ќе одиме до крај за целосно расчистување на случајот за Дудуш, криминогениот трујач на Скопјани да ја добие заслужената казна за делата за кои е утврдено одговорен.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, претходно денес ги повика жителите на средба в недела, во 19 часот, во спортската сала во Шуто Оризари за да дискутираат за депонијата во Шуто Оризари, непредвидливиот и недоволен јавен градски превоз, но и за честите прекини на електричната енергија.

„Депонијата во Шуто Оризари веќе долго време е проблем, но сега ситуацијата ескалира до алармантно ниво. Ѓубрето, неподносливиот мирис и загадувањето ја загрозуваат животната средина и здравјето на жителите. Многумина мислевме дека ова ќе биде нашиот најголем приоритет, но додека се справуваме со тоа, се појавија и други, исто толку сериозни проблеми“, наведува Дудуш.

Меѓу проблемите тој го споменува и јавниот превоз за кој вели дека сега е непредвидлив и недоволен.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Разрешувањето на Даути е срамен и реваншистички акт

Објавено пред

„Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година“, велат од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Според нив оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.

„Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права“, велат од ДУИ.

Со 61 глас Собранието ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од местото претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

Објавено пред

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути.

dobivaj vesti na viber

Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Од Левица велат дека Собранието дефакто констатирало дека пратеничката Илире Даути го крши Уставот и законите со блокадата на Законот за бранители.

„Со ова се пресече јазолот во Собранието, кој ДУИ го создаде преку неделовничко и насилничко дејствување – наместо да се исползува народната волја, собраниските процедури се киднапирани“, велат од Левица.

Од партијата додаваат дека со својата проактивност го донеле мнозинството пред свршен чин, додека СДСМ и понатаму не успева да излезе од сенката на ДУИ и да фати чекор со нив кои ја водат главната опозициска борба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко...

Свет2 часа

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....

Македонија4 часа

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што...

Свет9 часа

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија10 часа

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија11 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет11 часа

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет11 часа

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ12 часа

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет21 час

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет22 часа

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија1 ден

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија1 ден

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија1 ден

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија1 ден

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија1 ден

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија1 ден

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија1 ден

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет1 ден

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет1 ден

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...