Свет
Асад во обраќањето пред парламентот не ги објави реформите
Сирискиот претседател, башар Ал Асад во своето прво обраќање од почетокот на демонстрациите во земјата денеска не спомена ниту една важна реформа, па ниту симболичното укинување на вонредната состојба што е на сила од 1963 година.
Сирискиот претседател, башар Ал Асад во своето прво обраќање од почетокот на демонстрациите во земјата денеска не спомена ниту една важна реформа, па ниту симболичното укинување на вонредната состојба што е на сила од 1963 година.Но, затоа во обраќањето пред застапниците во сирискиот парламент тој зборуваше за „големиот заговор“ против неговата земја, велејќи:„Не сакаме борба, сирискиот народ е мирољубив, но нема да се двоумиме да застанеме во одбрана на своите работи, интереси и начела“. Тој нагласил дека со немирите во земјата се прави обид да се направи хаос во Сирија.Најавата за укинување на вонредната сотојба и другите мерки за либерализација се очекуваа во говорот на Асад, во кој не бе ниту споменати реформите.Минатата недела неговата советничка, Бусејна Шабан, најави укинување на вонредната сотојба, донесување закон за плурализам на политичките партии и измени во законот за медиуми кои одат во ансока на поголеми слободи.Асад начелно изјави дека на земјата и требаат реформи и дека нив ќе ги спроведува новата влада. Најави зајакнување на националното единство, борба против корупцијата и отворање нови работни места.Неговиот говор пратениците го дочекаа со овации и со извици дека со крв и со душа ќе се жртвуваат за него.Во Сирија од 15 март таат големи протести против режимот на Асад. Од тој ден убиени се шеестенина лица, повеќе десетици се уапсени при протестите, според оцени на активисти з ачовекови права./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена обвинета за спектакуларната кражба на накит од Лувр вреден 88 милиони евра
Француската полиција поднесе обвинение против 38-годишна жена осомничена за учество во голема кражба на накит од парискиот музеј Лувр, во која биле украдени предмети вредни околу 88 милиони евра, објави Би-Би-Си.
Жената, која не е именувана, се товари за учество во организирана кражба и злосторничко здружување. Како што јави АФП, таа се расплакала пред судот додека го потврдувала своето живеалиште во париското предградие Ла Курнев.
Во полициската акција биле уапсени вкупно пет лица, од кои едно е ослободено без обвинение, а едно лице кое директно учествувало во грабежот сè уште е во бегство.
Кражбата се случила на 19 октомври, непосредно по отворањето на музејот, кога групата крадци со украдено возило и механичка кревачка платформа се искачила до балконот на Галеријата „Аполон“ и со брусилка ги скршила стаклените витрини. Целата акција траела само четири минути.
Меѓу украдените осум парчиња се и тијарата на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, како и накитот на Мари-Луиз. Украдените предмети сè уште не се пронајдени.
По инцидентот, француските власти ги засилија безбедносните мерки околу културните институции, а дел од највредните експонати од Лувр биле преместени на чување во Француската банка.
Фото: Pixabay/pexels
Регион
Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад
Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад.
На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите.
„Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на студентите што ме одржуваат во живот, на сите луѓе што се со мене. Денес Нови Сад плаче, но јас се борам за тоа никогаш повеќе ниту една мајка да не заплаче,“ изјави Хрка, пренесува Индекс.
Таа додаде дека ќе продолжи да се бори самостојно и дека ќе штрајкува со глад пред Градското собрание во Нови Сад.
„Сакам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова,“ порача Хрка.
Трагедијата се случи пред една година, кога при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син Стефан. Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.

