Контакт

Свет

Претседателски избори во Египет пред крајот на годината

Објавено пред

Претседателските избори во Египет ќе се одржат до крајот на годината, а дотогаш ќе владејачкиот воениот совет ќе ја извршува функцијата шеф на државата, соопштуваат денеска од советот.

dobivaj vesti na viber

Претседателските избори во Египет ќе се одржат до крајот на годината, а дотогаш ќе владејачкиот воениот совет ќе ја извршува функцијата шеф на државата, соопштуваат денеска од советот.Махмуд Шахин, член на врховниот совет на вооружените сили изјавил дека воениот совет ќе ги предаде законодавните овластувања на новиот парламент кога тој ќе биде избран во септември.Претседателските избори ќе се одржат месец или два по парламентарните, на која е објавена и уставната уредба која ќе овозможува правна подлога за преодна управа.Војската владее откако со масовни протести на 11 февруари е симнат од власт Хосни Мубарак. Таа го распушти горниот и долниот дом на парламентот, го суспендираше уставот и ја превзема власта.Главниот секретар на Арапската лига, Амр Муса и поранешниот шеф на агенцијата на ОН за нуклеарна енергија, Мохамед ЕлБарадеи се водечки кандидати за местото претседател што Мубарак го држеше три децении.Воениот совет во понеделникот објави дека парламентарните избори ќе бидат во септември./крај/хи/бч



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Египет ги повика Хамас и Израел да покажат флексибилност и да постигнат договор за прекин на огнот во Газа што е можно побргу

Објавено пред

Египет апелира до Хамас и Израел да покажат флексибилност за што побргу да се постигне прекин на огнот во борбите во Газа, соопшти утрово египетското Министерство за надворешни работи. Египет смета дека преговорите во Каиро не доведоа до прекин на огнот. Тие во моментот се во деликатна фаза, а делегациите на Хамас и Израел го напуштија главниот град на Египет, се наведува во соопштението.

dobivaj vesti na viber

Во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри ја нагласи „важноста да се повикаат страните да покажат флексибилност и да ги направат сите неопходни напори за постигнување договор за прекин на огнот и на тој начин да се стави крај на хуманитарната трагедија во Газа, соопшти Министерството.

Каиро стравува од опасноста израелската операција во Рафа да ги загрози стабилноста и безбедноста на регионот, се додава во соопштението на египетската дипломатија.

Блинкен потврди дека Соединетите Американски Држави се против голема воена операција во Рафа и какво било принудно раселување на Палестинците од Газа, изјави неговиот портпарол, Метју Милер.

Израелската армија во вторникот распореди тенкови во Рафа и ја презеде контролата на граничниот премин со Египет блокирајќи го главниот премин за конвои со хуманитарна помош кон опколената палестинска територија.

Прикажи повеќе...

Свет

Десетици илјади Палестинци бегаат од Рафах

Објавено пред

Десетици илјади раселени Палестинци ги спакуваа своите шатори и други работи и бегаат од Рафах во други делови на Појасот Газа поради израелската закана од инвазија, пишува АП.

dobivaj vesti na viber

Израел постојано се закануваше дека ќе го нападне Рафах, каде засолниште побараа околу 1,3 милиони Палестинци, повеќе од половина од населението на Газа.

Еден од раселените рече дека не знае каде да оди.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека американската закана дека нема да достави одредено оружје нема да го спречи Израел да продолжи со офанзивата во Појасот Газа.

Во текот на оваа недела израелските сили започнаа ограничена операција при која го зазедоа граничниот премин Рафах од палестинска страна и го блокираа влезот на хуманитарна помош.

ОН објавија дека северот на Појасот Газа веќе е во состојба на „тотален глад“.

Израел смета дека Рафах е последното упориште на борците на палестинското движење Хамас и дека армијата мора да влезе во тој град за да го уништи тоа движење и да ги врати заложниците кои беа киднапирани на 7 октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете

Објавено пред

Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.

„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.

Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија32 минути

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање кое зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100 – те дена техничка влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од...

Македонија58 минути

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред сто дена, го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери на денешната прес-конференција кажа дека се обврзал пред граѓаните дека ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија3 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје4 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа6 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет6 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет6 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија14 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија16 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија1 ден

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија1 ден

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...