Спорт
Португалија го растури соседот светски шампион
Фудбалската репрезентација на Португалија на домашен терен во пријателски натпревар со убедливи 4:0 ја совлада Шпанија
Во реприза на осминафиналниот натпревар на последниот Мундијал, Португалија во целост му се реваншира за елиминацијата на актуелниот светски првакМартинс, на двапати Постига и Алмеида беа стрелци на головите со кои португалците и го нанесоа најубедливиот пораз на Шпанија во последните неколку години.За разлика од шампионот, светскиот вицепрвак, Холандија, забележа победа над Турција. „Лалињата“ во Амстердам славеа со минимален резултат 1:0. Третопласираната селекција од последното СП, Германија како гостин во Шведска во неинтересен натпревар одигра 0:0.Во Лондон реновираната селекција на Франција со головите на Бензема и Валбуена ја порази Англија со 2:1.Од селекциите со кои Македонија се наоѓа во квалификациската група за пласман на ЕУРО 2012, пријателски средби одиграа Русија, Словачка и Република Ирска, сите се поразени на домашен терен. Русија загуби од Белгија со 0:2, Словачка од БиХ со 2:3, а Ирска од Норвешка со 1:2. Резултати од другите натпревари: Црна Гора-Азербејџан 2:0, Естонија-Лихтенштајн 1:1, Унгарија-Литванија 2:0, Израел-Исланд 3:2, Данска-Чешка 0:0, Австрија-Грција 1:2, Швајцарија-Украина 2:2, Италија-Романија 1:1, Полска-Брег Слонова Коска 3:1, Јужна Африка-САД 0:1, Северна Ирска-Мароко 1:1 и Словенија-Грузија 1:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

