Свет
„Фобос-Грунт“ во декември ќе се урне во САД, Кина, Африка или Украина

Доколку не бидат придвижени моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ (Фобос – Површина), во почетокот на декември несогорувајќи во густа атмосфера на Земјата, делови од вселенското летало може да паднат во неколку земји
Доколку не бидат придвижени моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ (Фобос – Површина), во почетокот на декември несогорувајќи во густа атмосфера на Земјата, делови од вселенското летало може да паднат во неколку земји, во САД, Кина, во Африка, на Блискиот исток или неколку европски држави, како и во Австралија, Јапонија, Украина и Русија, изјави во петокот за РИА Новости, руски балистички експерт кој побарал анонимност.„Доколку не можеме да ги ставиме моторите во погон, ќе се случи неконтролирано спуштање. Но, во овој случај не може да се рече точно дека атерирањето ќе биде надвор од контролата. Имено во моментот на влегувањето на вселенското летало во орбитата, а тоа е почетокот на декември, балистичарите од Русија, САД и Европа ќе бидат во можност точно да ја идентификуваат областа на влегување во атмосферата и претпоставените области на паѓање на делови од него“, изјави изворот на агенцијата.Според податоците објавени на интернет страницата на еден од порталите за следење сателити Visual SAT, листата на земји над кои минува патеката на „Фобос-Грунт“ е многу проширена. Особено тоа се однесува на САД, Шпанија, Франција, Италија, Кина, Блискиот исток, Австралија, Украина и Казахстан. На територијата на Русија, тоа се областите на Кавказ, Приморие и Сахалин.На прашањето над која точка во атмосферата на Земјата може да влезе слегувачкиот „Фобос-Грунт“, соговорникот на агенцијата одговара „Ви ја зборувам вистината: никој на светот не може да го знае тоа“.„Една работа во овој момент може да се каже со сигурност: вселенското летало нема да ја напушти патеката на неговиот лет. Исто така, дефинитивно е познато дека орбитата на неговиот лет секојдневно ќе се намалува за околу два километра. Но, како Земјата во моментот на влегувањето на „Фобос-Грунт“ ќе сврт – никој не може да предвиди. Секој час се добиваат повеќе податоци, а од кои потоа во одредено време ќе ја знаеме областа на падот многу попрецизно“, вели соговорникот на РИА Новости.Според него, пресметките за точката на влезот во атмосферата на Земјата на влселенското летало се прават во текот на ткн „тест кампањи“.„Меѓународниот координативен комитет за космичките остатоци го определува објектот и тој почнува да се следи внимателно од целиот свет – за да се одреди каде тој ќе падне. Имајќи предвид дека.„Фобос-Грунт“ е голем објект кој потенцијално спаѓа во категоријата опасни остатоци, мислам дека комисијата ќе даде препорака за прецизно пресметување на локацијата на падот. Како што покажува досегашната практика, прогнозите на руските балистичари се покажале како извонредно прецизни“, заклучува рускиот експерт за движење на вселенските тела.Сондата „Фобос-Грунт“, наменета за вселенски транспорт и испорака на примероци од површината на месечината на Марс – Фобос, беше лансирана од космодромот Бајконур вечерта на 9-ти ноември. Таа беше лансирана со помош на двоетапната ракета „Зенит-2 Сб“ и работеше нормално, односно сондата без проблем се одвои од ракетата. Меѓутоа, моторите на меѓупланетарна станица не се активираа и таа не можеше да се движи по определената траекторија за нејзиниот меѓупланетарен лет и остана во орбитата на Земјата./крај/сн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан по разговорите Трамп-Путин: Голема вест за мирољубивите луѓе, подготвени сме

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро повторно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а овој пат средбата ќе се одржи во Будимпешта. Двајцата лидери се согласија за нов самит за време на телефонски разговор.
Унгарија е подготвена да биде домаќин на самитот Русија-САД, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе низ целиот свет. Подготвени сме!“ напиша тој на X.
Трамп и Путин последен пат се сретнаа пред два месеци во Алјаска, но таа средба не донесе конкретен напредок кон мирот во Украина, по што следеше период на дипломатско затишје меѓу Вашингтон и Москва, анализираат медиумите.
Денешниот телефонски повик не беше објавен со денови, за разлика од некои претходни, а аналитичарите истакнуваат дека времето на неговото случување е исклучително значајно. Имено, Трамп утре треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Клучната тема на нивниот разговор ќе биде можното испраќање американски ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би претставувало значително зголемување на воената помош за земјата.
Фото: принтскрин