Контакт

Свет

Комитетот на ОН поделен во врска со приемот на Палестина

Објавено пред

Комитетот на Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот соопшти дека не успеал да постигне договор за палестинската пријава за прием во полноправно членство во светската организација, изјави португалскиот амбасадор во ОН.

dobivaj vesti na viber

Комитетот на Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот соопшти дека не успеал да постигне договор за палестинската пријава за прием во полноправно членство во светската организација, изјави португалскиот амбасадор во ОН. Одлуката на комитетот на Советот за безбедност за палестинскиот прием го доведе обидот Обединетите нации да ја признаат палестинската држава на териториите на Западниот брег и во појасот Газа уште поблиску до целосен неуспех. Сега Палестинците кои досега не успеаја да ги обезбедат потребните девет гласови во Советот за безбедност, мора да решат дали ќе бараат гласање за нивната кандидатура во Советот. Според дипломатски извори на Reuters во седиштето на Обединетите нации, палестинската страна досега успеала да обезбеди осум гласови. Доколку палестинската делегација се реши да инсистира на гласање пред да обезбеди девет гласови, САД нема да мораат да го искористат правото на вето, велат изворите. Во нацрт извештајот на комитетот во кој се и претставниците на сите 15 членки на Советот за безбедност детално се зборува за неуспехот на процесот на преговарање. Сега, кога комитетот и формално го одобри извештајот, прашањето за палестинскиот прием според процедурата се враќа пред Советот за безбедност.  „Советот ќе го прими тој извештај и ќе расправа за идната иницијатива“, изјави португалскиот амбасадор Хозе Филипе Мораеш Кабрал, кој во ноември претседава со Советот .Доколку Советот за безбедност го одобри барањето, што е малку веројатно имајќи го предвид ветото што го најави американската мисија, Палестинците би требало да добијат двотретинска поддршка од Генералното собрание на ОН, односно гласовите на 129 држави за Палестина да стане полноправна членка на ОН.Повеќето дипломати во Њујорк очекуваат дека Палестинците на крајот ќе бараат унапредување на нивниот статус во ОН, така што од сегашниот статус на набљудувач ентитет, ќе станат набљудувач држава- нечленка, откако ќе бидат завршени дипломатските преговори во Советот за безбедност.Палестинците изјавија дека вака унапредениот статус ќе им овозможи пристап до меѓународните организации како што се Светската здравствена организација (WHO), но и Меѓунaродниот кривичен суд (ICC) каде што би можеле да поднесуваат тужби против Израел.За да се оствари промената на статусот на палестинската страна во ОН, потребно е само 50 отсто плус еден глас од членките на Генералното собрание на ОН, присутни на денот на гласањето. САД не можат да стават вето на ова барање, кое најверојатно би имало успех за палестинската страна, имајќи предвид дека околу 120 земји претходно изјавија дека ја признаваат палестинската држава.Пред десет дена Генералната конференција на Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО во Париз гласаше за прием на Палестина во организацијата. Приемот на Палестина во УНЕСКО тогаш го поддржаа 107 земји, а против гласаа 14. За прием на нова членка потребни се две третини од гласовите од 193-те земји на УНЕСКО.Претседателот на палестинската автономна самоуправа, Махмуд Абас, официјално побара од ОН да го прифати полноправното членство на палестинската држава во текот на неговиот говор во седиштето на ОН во Њујорк на 23-ти септември, а истиот ден барањето го предаде и на Генералниот секретар на светската организација Бан Ки-Мун.САД претходно водеа интензивна но на крајот и неуспешна дипломатска кампања за да ги убедат Палестинците да отстапат од барањето за признавање на нивната државност во ОН.Абас одбива да се врати на директните преговори со Израел сé додека тие не се водат според принципот на две држави – Палестина и Израел – во рамките на границите кои постоеле пред арапско-израелската војна од 1967 година. Лидерот на ПЛО и на ПНА, исто така, бара еврејската држава итно да престане со изградбата на населбите на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.Израел, пак, одбива да се врати во границите од 1967 година и поделба на Ерусалим со Палестинците, кого го прогласи за своја „вечна и неподелена престолнина“./крај/ро/мф/сн

Свет

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Објавено пред

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на богослужбата се појавила една млада Полјачка која тврди дека таа е киднапираната Меди.

dobivaj vesti na viber

Кејт и Гери МекКен испратија порака до присутните, која ја прочита пречесниот Роберт Гладстон: „Жал ни е што не можеме да бидеме со вас вечерва. Ви благодариме што се здруживте. Поминаа 17 години откако беше киднапирана. тешко е да се поверува дека помина толку долго време“.

На бдеењето присуствувала Џулија Вендел (22), која тврди дека таа е ккиднапираната Медлин. Во рацете држела писмо кое имала намера да им го предаде на родителите на киднапираното девојче. „Јас сум Медлин МекКен. Никогаш не престанав да верувам во тоа. Дојдов овде да ги замолам Кејт и Гери да направат ДНК тест”, рекла таа по мисата, а пренесува Дејли Мејл.

„Тие не направија ништо за да докажат дека не сум нивна ќерка. Не, не сум луда. Не сум лажгоа“, додала таа. Во селото Ротли се одржа бдение. Семејството МекКен и понатаму се надева дека нивната ќерка, која сега би имала 20 години, е сè уште жива.

Германската полиција, од друга страна, смета дека Меди е убиена и има намера да го обвини Кристијан Брукнер за злосторството. На осудениот педофил моментално му се суди за пет неповрзани силувања и сексуални престапи.

Во февруари минатата година, Џулија на социјалните мрежи објави под нејзиното корисничко име „@IamMadeleineMcCann“ дека таа е исчезнатото девојче. По ДНК анализата било утврдено дека таа на никаков начин не е поврзана со Медлин. Но, Џулија вчера инсистираше дека таа е Медлин МекКен и дека тоа ќе го докаже.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Објавено пред

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на руската државна машина и пропаганда“, пишува „Украинска правда“.

dobivaj vesti na viber

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското Министерство за внатрешни работи го покажуваат очајот на руската државна машина и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочија Украинците. надвор.

„Ги потсетуваме сите дека, спротивно на безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства е реален и спроведлив во 123 земји“, додаваат тие.

Русите не го прецизираа написот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, стои во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.

Прикажи повеќе...

Свет

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Објавено пред

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.

НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.

„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.

„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.

Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.

Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет3 часа

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет6 часа

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ8 часа

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија8 часа

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ8 часа

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија8 часа

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион10 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет11 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија12 часа

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ1 ден

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија1 ден

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион1 ден

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија1 ден

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија1 ден

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија1 ден

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија1 ден

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија2 дена

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет2 дена

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа2 дена

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...