Македонија
Ќерката на Рамковски отстранета од судницата
Со повеќе од еден час задоцнување и полициски проверки продолжи судењето за случајот „Пајажина“, во кој им се суди на сопственикот на А1 телевизија и на уште 22 обвинети.
Со повеќе од еден час задоцнување и полициски проверки продолжи судењето за случајот „Пајажина“, во кој им се суди на сопственикот на А1 телевизија и на уште 22 обвинети.
Поради отсуство на еден од адвокатите Драган Михајловски, судијката Павлина Христова даде пауза од 15 минути.
За време на паузата обвинетиот Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковска, која исто е обвинета за овој случај, се прегрнаа со нивата ќерка и сестра Лејла, која го следеше судењето.
Поради ова судијката ја отстрани Лејла од судењето со образложение дека јавноста нема да има контакт со обвинетите.
Не помогна ни извинувањето на Велија Рамковски и неговото ветување дека ова нема да се повтори.
Вчера судењето беше одложено поради здравствената состојба на една од обвинетите Ѓултен Џемаили.
На почетокот на судењето судијката рече дека разговарала со нејзината лекарка Костадинка Бојкова, која во телефонскиот разговор и кажала дека Ѓултен не била на преглед околу еден месец. Но, според мислењето на лекарката, на Ѓултен и било потребно болничко лекување, но докторката сè уште и немала издадено упат бидејќи не и бил побаран. Терапијата што ја примала Ѓултен била за смирување и како што рекла лекарката, немала негативни ефекти на другите функции.
Се очекува судењето да продолжи со читање на обвинителниот акт. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари разговор со осуденичките, кои се вклучени во процесот на шиење и везење.
Осуденичките ја запознаа претседателката со нивните работни активности, мотивацијата и желбата за работа, инспирацијата и стекнатите вештини, и лично ги претставија своите изработки – торби, марами и несесери коишто се продаваат надвор од затворот под логото „везење надеж зад решетки“.

Шивачката работилница, којашто за првпат е отворена на иницијатива на модната дизајнерка Ирина Тошева, истовремено и менторка на осуденичките, Сиљановска-Давкова ја оцени како позитивен модел на ресоцијализација, самоодржлив, но и профитабилен.
Таа ја поздрави соработката на затворската управа со општествено одговорните компании и поединци, што резултира со успешни приказни за реинтеграција и го охрабри проширувањето на ваквата пракса и во другите затворски одделенија.

Според неа, ресоцијализацијата е една од клучните цели на казнено-поправниот систем, посочувајќи дека казната не е само изолација, туку и подготовка на осудените лица за одговорно и активно вклучување во општеството.
Претходно, претседателката оствари средба со директорот на установата, Зоран Јовановски и директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов кои ја запознаа со условите и состојбите во затворот, со планираните структурни промени за решавање на актуелните проблеми поврзани со почитување на човековите права, здравствената заштита и недостатокот на сместувачки капацитети.

На средбата, беше поздравено функционирањето на затворска судница, што овозможува безбедни услови и пониски трошоци за судските процеси.
Претседателката го реафирмираше ставот за потребата од нов Закон за помилување, потенцирајќи дека при помилувањето не се оценува делото на затвореникот, туку се евалуира нивната ресоцијализација.

Работниот ангажман на осудените лица е предвиден во Законот за извршување на санкциите. Преку работа, тие стекнуваат практични вештини и работни навики, со што се зголемуваат нивните можности за вработување по излегувањето од затвор и се намалува ризикот од повторно сторување кривични дела.

За време на посетата на шивалната, осуденичките на претседателката ѝ подарија рачно изработена торба, а таа во знак на поддршка на нивната работа купи од нив новогодишни подароци.
Македонија
Герасимовски избран за потпретседател на ЗЕЛС
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на конститутивната седница на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) едногласно е избран за нов потпретседател на организацијата.
Герасимовски се заблагодари на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба и ја потврди својата заложба функцијата да ја извршува во интерес на граѓаните.
„Очекувам новиот состав на ЗЕЛС да биде на висина на својата задача и да воспоставиме конструктивна и конкретна меѓуопштинска соработка, без политизација и со целосна посветеност на граѓаните. Во следните четири години пред нас е сериозна задача: зајакнување на процесот на децентрализација, поголема фискална самостојност и пошироки ингеренции, со една единствена цел, да обезбедиме подобри проекти и услуги во нашите општини“, рече Герасимовски.
На седницата за претседател на ЗЕЛС е реизбран градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, а покрај Герасимовски за потпретседател е избран и Изет Меџити.
Делегатите дискутираа за предлог-стратегијата на ЗЕЛС за 2026–2030 година, како и за актуелните предизвици во локалната власт, со цел унапредување на работењето на општините и зајакнување на соработката меѓу локалните самоуправи.
Македонија
СДСМ: Уште еден доказ, Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди
Христијан Мицкоски го зеде судството и обвинителството во свои раце па сега се фали со добиени судски пресуди против СДСМ, реагираат од опозициската партија.
„Па нормално дека Мицкоски добил пресуда. Но баш чудно, зошто токму денес го објавува овој голем „успех“ на судството на Мицкоски? Токму кога најавивме иницијатива до Уставниот суд за неуставната Резолуција со која сакаат да ја замолчат опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари! Дали и во Уставниот суд Мицкоски планира да прави притисок за да одлучува „брзо“ за иницијативата на СДСМ? СДСМ нема да дозволи задушување на демократијата и слободата на медиуми. Со сите демократски механизми ќе се бориме за Макеоднија дури и пред меѓународните институции“, пишува во реакцијата на СДСМ, по објавата на пресуда од Апелациониот суд од страна на Мицкоски.

