Македонија
Стејт Департмент: Македонското малцинство признато само во Албанија
Македонското малцинство е признаено во Албанија, но тоа не е случај со Бугарија и со Грција.
Ова го покажуваат последните извештаи на Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Албанија, Грција и Бугарија објавени синоќа.Стејт департментот во својот извештај посветен на Албанија, констатира дека македонското, заедно со повеќе малцинства е признато од страна на официјална Тирана.„Законот дозволува статус на малцинство за националните групи и одвоено за етнојазичните групи. Грците, Македонците и Црногорците се одредени како национални групи, меѓу кои грчката е најголема. Власите и Ромите се дефинирани како етно-јазични групи.Полоша состојба во однос на статусот на македонското малцинство се забележува во Бугарија и Грција. Стејт департментот ги забележува случаите на неможноста за регистрирање на партијата ОМО Илинден – Пирин и на културното-едукативното друштво „Никола Вапцаров“ од Благоевград.„Во текот на годината власта продолжува да ја спречува регистрацијата на македонската група активисти Илинден како политичка партија и покрај пресудата на Судот за човекови права во Стразбур од 2005-та година против поништувањето на првичната регистрација. Во текот на годините, членовите на Илинден продолжуваат да се жалат на непријателски однос од страна на локалните власти, вклучувајќи испрашувања од страна на полицијата“, се вели во извештајот.Слични констатации има и во извештајот посветен на Грција. Покрај контактирањето на тешкотии во слободно политичко и културно здружување на македонското малцинство, Стејт Департментот забележува и на непризнавање на македонскиот јазик од страна на официјална Атина.„Власта не го признава постоењето на словенски дијалект, наречен „Македонски“ од страна на луѓето што го говорат во северозападните делови на земјата“, се констатира во извештајот.Со реакција се огласија од партијата Виножито. Го поздравуваат извештајот на Стејт департментот, но се противат на употребата на поими како „Словенски дијалект“.
„Ова не се поими за самоопределување и би било соодветно во извештај што ги третира човековите права, Стејт Департментот да ги почитува принципите на самоопределување и ја именува оваа група и нејзиниот јазик едноставно како македонска“, се вели во реакцијата на „Виножито“, зад која се потпишани и македонските комитети за човекови права од Канада и од Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.
Македонија
Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

