Спорт
Чешка против САД во финалето
Чешка е најпријатното изненадување на годинешното СП во кошарка за жени. По победата над Белорусија со 81:77 домашните кошаркарки се пласираа во финалниот натпревар со САД.
Чешка е најпријатното изненадување на годинешното СП во кошарка за жени. По победата над Белорусија со 81:77 домашните кошаркарки се пласираа во финалниот натпревар со САД.Мечот меѓу Чешка и Белорусија не беше очекуван во полуфиналето. Тука според прогнозите требаше да играат непоразената Русија и второпласираната Австралија од групата А. Но Чешките и Белорусинките изненадија во четвртфиналето со победи над Австралија и Русија, па играа меч за пласман во финалето. По регуларните 40 минути мечот заврши нерешено 68:68, а во продолжението од пет минути домашните кошаркарки бодрени од публиката успеаја да изборат вредна победа.Во финалето ги чека САД кои што против Шпанија во полуфиналето одиграа уште еден рутински натпревар и победија со 106:70. Американките во првите три четвртини постигнаа 87 поени, па во последниот период по водство од преку 30 поени се опуштија и лесно го приведоа мечот до крајот.Во мечот за 9. место Грција ја совлада Канада со 71:55, а во мечот за 11. место Бразил ја победи Јапонија со 84:79.Денес играат Кореја – Русија (за 7. место), Франција – Австралија (5. место), Шпанија – Белорусија (3. место) и Чешка – САД (финале).крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн 11 години нема пораз во фазтаа по групи во ЛШ
Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.
За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.
Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3:2.
Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.
Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Спорт
Белингем: Ја загубив насмевката по Европското првенство
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.
„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.
Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.
„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.