Контакт

Региони

Буџетот на Охрид „тежок“ 16 млн евра, донесен без локалната опозиција

Објавено пред

Советот на општина Охрид, во отсуство на советниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во петокот го усвои буџетот на општината кој е проектиран на 16,1 милиони евра, јави порталот Охридњуз.

dobivaj vesti na viber

Претходно координаторот на советничката група ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Пановски, образложувајќи ја одлуката за напуштање на седницата, истакна дека предложениот буџет нема никакви развојни компоненти и истиот е проектиран за изборни цели.Тој забележа дека во салата за седници биле повикани одредени лица, подготвени за спроведување некакво сценарио.„Но ние сме одговорна опозиција која нема да го блокира донесувањето на буџетот. За да не предизвикаме тензии или конфликт ја напуштивме седницата и мнозинството нека го изгласа буџетот, кој секако по три месеци ќе биде изменет, изјави Дејан Пановски координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.“Тој како и другите советници од ВМРО-ДПМНЕ, ги вратија новогодишните подароци од Локалната самоуправа нарекувајќи ги лицемерни, затоа што општината не им исплатила на советниците паушали за 10 месеци. На случувањата во Советот реагираше и ОК ВМРО ДПМНЕ, која обвини дека се спроведува „нечесно сценарио“.Денеска пред седницата на Советот на Општина Охрид со телефонско јавување и партиски наредби СДСМ и Петрески  во салата каде се одржуваше седницата на Советот донесоа голем број на сограѓани,Охриѓани кои требаа да му го штитат грбот на најкриминалниот градоначалник и најкриминалното советничко мнозинство што некогаш го имал Охрид. Со наредба за носење на луѓе СДСМ и Петрески сакаа да направат притисок и сценарио кое беше само во нивните глави и нивните идеи. Каде тргнавте Петрески? Против кого ги донесовте нашите сограѓани? Како ќе им погледнете во очи на луѓето што ги повикувавте да прават притисок во Советот, посебно како ќе го објасните тоа на интелектуалното ткиво на СДСМ?  Со каква цел го направивте тоа? Крајната цел на Петрески СДСМ им е насилство и создавање хаос дури и човечки жртви но ние нема да дозволиме оваа мала група лојалисти на македонскиот Гадафи Црвенкоски кој со однесувањето и повиците е единствениот виновник за ова што се случува во Македонија. Најмалку од се ќе дозволиме сценаријата на СДСМ да се спроведат во Охрид.-стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ.Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, ги отфрли обвинувањата на локалната опозиција, посочувајќи дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат политички сценарија наметнати од централното раководство. Тој рече дека буџетот на општината е креиран да одговори на потребите на граѓаните, односно е развоен, бидејќи 46 отсто од планираните средства се предвидени за капитални инвестиции. Петрески, ги отфрли и обвинувањата за, како што рече некаков наводен притисок врз советниците.„Одговорно тврдам дека во салата за седници која денеска беше полна, нема алфи и специјалци, ниту  присуствуваа лица на кои местото не им беше тука. На седницата беа поканети и присуствуваа претставници на јавните претпријатија, пожарна, на образовни и други институции за чија работа се дискутираше на седницата на советот“, рече Петрески, посочувајќи дека обвинувањата се неосновани и претставуваат само уште една манипулација на ВМРО ДПМНЕ.Координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, истакна дека проектираниот буџет е реален и во рамки на можностите на општината. Тој рече дека опозицијата не приложила никакви аргументи со кој ќе го оспори буџетот, укажувајќи дека тој бил внимателно проектиран во изминативе месеци. Од страна на советниците и советничките групи, биле предложени и прифатени дополнителни измени.На случувањата во Советот со соопштение реагираше и Локалната самоуправа, која им забележа на советниците на ВМРО- ДПМНЕ дека наместо од говорницата , за што земаат паушален паричен надомест , тие се определиле  нивните неаргументирани обвинувања да ги соопштат на прес конференција .По директива на врвот на нивната партија ВМРО- ДПМНЕ , побрзаа на јавноста да и пласираат нова лага. На нивната прес конференција, го обвинија градоначалникот Александар Петрески и Советот на општина Охрид  дека божемно немале услови за работа и заминале од страв да не настане инцидент. Редно е да признаат пред јавноста дека лажат, бидејќи од снимениот видео и фото материјал на новинарските екипи, секој може да види дека на седницата  покрај советниците присуствуваа, овластени претставници од локалната администрација, директори и претставници на нивните служби од јавните претпријатија, училиштата и други субјекти , чии програми за работа се дел од буџетот на Општина Охрид за 2013 година. Крајно безобзирно  ги навредија претставниците на локалната администрација, на училиштата и на јавните претпријатија  нарекувајќи ги „познати насилници кои на седницата дошле да го посеат семето на омразата меѓу охриѓани“ . Со ваквиот речник советничката група на ВМРО- ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив поважен е партискиот од интересот на граѓаните, па си дозволуваат легално избраните раководители на институции да ги нарекуваат насилници.-стои во општинската реакција.По усвојување на буџетот, работата на советот продолжи по останатите точки од дневниот ред. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија3 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија4 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија4 часа

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија5 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија5 часа

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија6 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија6 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized6 часа

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...

Македонија7 часа

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија....

Македонија7 часа

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од...

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски. „Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари...

Топ11 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...

Топ12 часа

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Топ13 часа

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет14 часа

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија16 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет17 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет18 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...